ИТ настан: Четвртата AllWeb.mk ќе пречека 15 говорници на 13-ти ноември

во ИТ.МК

Aко ги прашате организаторите на конференцијата за дигитален маркетинг, AllWeb.mk, зошто се трудат толку околу настанот, ќе ви кажат дека единствената цел им да покажат на македонските маркетинг експерти и компании дека има покреативни начини да ги користат дигиталните алатки. „Сакаме да им го доближиме начинот на кој глобалните и регионалните компании ги интегрираат дигиталните комуникации во сопствените бизнис стратегии“, вели Дарко Булдиоски, основач на NewMediaMk и организатор на четвртата AllWeb.mk.

Ова се покажа точно, уште од првата AllWeb.mk. Дебито и сите следни беа успешни, донесоа куп разни експерти некои со огромно искуство, некои со уникатни и иновативни идеи. Такви гости очекуваме и сега. Најавени се 15 говорници меѓу кои Пол Пападимитриу, основачот на The Digital Loop и ко-домаќин на европската конференција за технологија LeWeb; Павел Коленда од IAB Полска; и Владимир Вулиќ од Digitalizuj.me, кој доаѓа повторно по барање на публиката.

Најавено е дека оваа година ќе се зборува „малку повеќе за веб аналитика и повраток на инвестиции, огласување на социјални медиуми и маркетинг преку содржина“. Можеби конференцијата конечно ќе ги охрабри македонските експерти и компании да бидат покреативни во користење на дигиталните алатки за комуникација и маркетинг.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Виктор
Виктор
7 years ago

Картиве за студент да ги купи малце се недостапни….