0 коментари 2 мин. читање 18 октомври, 2013

ИТ настан: Аплицирајте за Balkan Venture Forum во Тирана и менторство од Venture Academy

Стартапите од регионот, вклучувајќи ги и тие од Македонија, имаат време до 20-ти октомври да аплицираат за Balkan Venture Forum кој ќе се оддржи на 14-ти ноември во Тирана, Албанија. Настанот е продолжување од BvKF собирот во Софија, но Александар Тасев, основачот на инвестицискиот форум и ко-основач на SuperFounders Skopje, вели дека во Тирана ќе биде поразлично поради тоа што локалната стартап заедница е во порана развојна фаза.

„Знаеме дека ова е правото време да организираме ваков настан во Тирана, бидејќи ќе има максимален импакт. За да го направиме ова, се фокусираме на развојот на лидерите на локалната заедница кои ќе можат да го привлечат вниманието на интернационалната и локалната заедница, и да обезбедат постојани активности по BkVF.“, се вели во официјалниот пост.

На BkVF Tirana, покрај панелите и предавањата, ќе има и натпревар меѓу регионалните стартапи. Стартапите ќе добијат менторство од Ventury Academy во подготовките на презентациите пред натпреварот. Најдобрите осум компании ќе добијат шанса да се претстават на European Venture Summit во Диселдорф во декември. Европскиот самит е еден од поголемите собири на стартапи и инвеститори во регионот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top