0 коментари 2 мин. читање 18 октомври, 2013

Стартапи, имате рок до недела да се пријавите на Start програмата на SuperFounders Skopje

Организирана од ново-основаниот македонски акселератор SuperFounders Skopje, истите луѓе кои секоја среда организираат собири за стартапи, Start програмата е наменета да им помогне на македонските програмери и дизајнери да креираат иницијален бизнис план, да направат прототип од својот продукт и да научат да го продадат тој продукт пред публиката и можните инвеститори.

Рокот за пријавување во програмата е до недела, 20 октомври, и како што ни открива Александар Тасев, ко-основач на SuperFounders, има уште 2-3 слободни места кои ќе им се приклучат на вкупно 8 проекти со „висок квалитет“. Стартапите што се пријавени треба да си подготват добра презентација за во среда, бидејќи ќе имаат 8 минути да ја импресионираат публиката и жирито.

„Секој ќе треба да го одработи своето, но ќе бидеме тука да дадеме вовед, поттик и насоки во склоп на програмата. Скоро целата програма ќе се одвива во следните 4-5 среди, почнувајќи од 17:00 часот. Со тоа им даваме можност и на оние кои се вработени, да бидат дел од Старт. Значи освен стандардниот startup meetup, во средите ќе ги имаме и презентациските и тренерски сесии со стартапите од Старт… добивајќи „Стартап среда“ од 17ч до доцна вечерта. Demo day планираме за околу 23 ноември.“, пишува тој на официјалниот блог.

Сите кандидати ќе се престават на Startup Meetup-ите кои се одржуваат секоја среда. На тие настани стартап ентузијастите можат да споделат совети и свое искуство, да запознаат нови луѓе кои сакаат да ја развијат локалната стартап сцена, и ментори кои имаат знаење со стартување на нови компании.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top