Организирана од Summer Work & Travel Alumni Association, Start Up академија се содржи од пет три дневни семинари на кои се предаваат лекции за претприемништво, финансии и бизнис менаџмент. Академијата вели дека сака да „развиеме бизнис идеи во нови стартапи со помош на искусни луѓе од корпоративниот сектор, и поддржани од различните стартап фондови кои се достапни во Македонија“. По семинарите и неколку месечниот период за развивање на идеите, едногодишната академија ќе заврши со Smart Up конференција на која ќе бидат презентирани најдобрите стартапи пред инвеститори и јавноста.
Повикот е отворен за 30-тина млади ентузијасти на возраст од 19 до 26 години, кои можат да аплицираат до 25.10.2014-та година. Тука се правилата.
[youtube]SFKW62Sx1So[/youtube]







