{mosimage}Македонскиот регистратор на интернет поддомени исклучува корисници поради неплатен долг кон MAРНнет. Соопштението е незабележано од јули. Ние ја откривме веста благодарејќи на блогот Развигор. „Нели е интересно што ниту комерцијалните медиуми, ниту блогери го одбележуваат најзначајниот настан на македонскиот интернет годинава…Според неофицијални информации, околу такви 2000 веб-сајтови се недостапни веќе неколку дена.
“ пишува Филип Стојановски на својот блог.
За официјална бројка ги побаравме МАРНет, што е малку задоцнета реакција, петок е 19 часот па никој не се јавува на телефонот. Но пративме имејл до МАРНет
за бројката на вкупно регистрирани и вкупно изгасени домени, како и листа на истите, па очекуваме одговор. Инаку официјалното соопштение на MAРНет можете да го прочитате тука.
Откако малку пребаравме на Twitter
видов дека многу луѓе се незадоволни, но и дека многу сајтови се недостапни, вклучувајќи го и evn.com.mk. „МАРНет почна да ги гаси неплатените домени :)) Меѓу многуте се и ЕВН (evn.com.mk)“ твита Сашо Андријески.
Надополнето: Сајтот на ЕВН сега е достапен доколку се напише www пред адресата, но ако се види регистарот на MАРНет EВН има заостанат долг. Во секој случај ни е потребна официјална информација од MAРНет.
„Мислам дека овој потег е позитивен, оти голем дел од исклучените веб-сајтови се заборавени или занемарени од нивните сопственици. Се надевам ќе добијат поттик да станат поажурни, не само во плаќање претплата, туку и во грижата за е-содржините.“ пишува Филип Стојановски.
{mosimage}






