„Многумина го изедначуваат овој термин со користењето на друштвените медиуми од владите, за интеракција со народот или да ја рашират пораката на нови начини. Други пак мислат дека ова е да се нарпават владите потранспарентни. Други мислат дека ова значи користењето на AJAX во владините вебсајтови, или замена на тие сајтови со владини апликации, или правење нова „облак“ платформа за споделување на владини сервиси. И да, тоа значи сето од ова погоре“ пишува г-дин. О’Рајли во својот гостински пост на TechCrunch.
„Тоа што го научивме од технолошката индустрија е дека големите победници се платформ компанија: некој чиј успех овозможил други да се изградат од нивната работиа и да го зголемат влијанието“. Тоа што г-дин. O’Рајли го мисли е дека треба владите треба да бидат основа на која што ќе се гради разновидното општеството. Пример за тоа ги наведува Microsoft чија платформа e PC-то, платформа која подоцна стана повржана со интернетот. Исто пример и Apple и неговото влијание на пазарот на мобилни, влијание кое се должи затоа што им овозможија на програмерите да продуцираат апликации за телефони. (iPhone store)
Г-дин. О’Рајли верува дека владите можат да направат „екосистем од апликации“ кои ќе имаат огромна вредност. За таа цел тој за недела дена организира Gov 2.0 Summit со гости како Вин Церф, креатор на TCP/IP протоколот, Џек Дорси од Тwitter и Крег Мунди од Microsoft, за да „зборуваме за што можат владите да научат од приватниот сектор за градење на „облак“ инфраструктура“.
Темата за која зборува г-дин. О’Рајли има импликации и е важна и за македонската влада и начинот на кој работи администрацијата.
Иако сме далеку од „облак“ размислувањето, сепак неодамна беше најавен план да се собере целата дата база од администрацијата на едно место со цел поефикасно работење. Беше најавена и организирање на криминалната дата база. Но освен партиски препукувања, нема кој знае колку расправа за влијанието, придобивките и опасностите од вакво нешто.
Во секој случај кога ќе се оформи една ваква поврзана административна дата база, ќе може да се креираат апликации кои ќе извлекуваат податоци од таа база, пример: здравство, апликации кои ќе им помогнат на луѓето полесно да се организираат, да регистрираат нешто, да се едуцираат, апликации кои ви кажуваат за распоредот на автобуси, апликации за време и состојба на патиштата како и GPS мапи… можностите се навистина големи.