„1) Boxes ќе се тргнат, заедно со Boxes табот и 2) Сите персонализирани табови ќе бидат намалени на 520 пиксели. Ако имате персонализиран таб, ви препорачуваме да го посетите табот сега и да видите како содржината ќе се вклопи во границите – и направете ги потребните промени.“ се вели во соопштението.
Boxes или кутиите се апликациите и другите додатоци кои се наоѓаат под сликата, на левата страна на профилот. Boxes табот е горе меѓу табовите. Kутиите се користат за објавување апликации и други персонализирани информации на сајтот. Но од 23 август ќе бидат отстранети и заменети со табови за апликаци.
Содржината на тие Boxes ќе треба да се префрли на info страната или во персонализиран таб.
„Овие промени се дизајнирани да ја поедностават навигацијата за корисниците, да ја намалат комплексноста за програмерите, и да ни овозможат да изградиме следна генерација алатки за градење на вашиот бизнис со Facebook.“ вели Фран Ларкин на официјалниот блог.
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.