{mosimage}Не мора да купиме некој за да соработуваме со него, рече Ерик Шмид, директорот на Google на Google Zeitgeist конференцијата. Со тие зборови тој ги искоментира гласините дека Google е заинтересиран да го купи Twitter, сервисот за микро-блогирање кој веќе подолго време им боде очи на сите поради пребарувањето во реално време.
Пребарувањето во реално време може кратко да се објасни со зборовите (search.twitter.com) на Twitter „Видете што се случува – сега“. Правата функција на ваквото пребарување може да се претстави со епидемијата на свинскиот грип. Секој сакаше да знае каде се појавил и што се случува со грипот. Иако и Facebook и Google и многу други тогаш објавија мапи за ширењето на грипот, сепак најголемото ширење на информациите за грипот се случуваше на Twitter, со по 10.000 твита на час во првичните денови од наводната епидемија.
{mosimage}
Google неодамна рече дека ваквото пребарување е доста важно и атрактивно. Тогаш започнаа и шпекулациите дека сакаат да го купат Twitter, бидејќи сервисот за микро-блогирање моментално е кралот на пребарувањето во реално време.
Ерик Шмид вчера на конференцијата призна дека Google има проблеми со пребарувањето во реално време, но најави дека се многу заинтересирани за истото. Тоа го потврди и Лери Пејџ, ко-основачот на Google.
„Луѓето навистина сакаат работи во реално време, a Twitter имаат направено одлична работа… Сега и ние може да направиме добра работа бидејќи ги имаме овие примери“ рече г-дин. Пејџ.
Иако сето ова се сведува на изјави на конференција за Google, сепак е јасно како интернет гигантот ја планира иднината.






