Google Street View и поефтини роаминг сметки

во ИТ.ЕУ

Европската Унија бара подобрување на приватноста за Google Street View, поточно промени на начинот на кој се складираат сликите од овој проект на Google со кој сака да ги отслика сите улици во светот. Oвој проект често е критикуван поради приватноста, неколку ЕУ земји забранија Google да ги слика улиците, додека пак селаните од едно британско селце поставија и блокади на патот да го спречат Street View амвтомобилот.

Сега ЕУ бара од Google да ја подобри приватноста. Имено, Google ги чува сликите од Street View 12 месеци, но за ЕУ тоа не е прифатливо и бара сликите да бидат тргнати после 6 месеци.

„Приватноста е главен приоритет. Во Европа имаме високи стандарди за заштита на податоците. Бараме од сите компании да играат соодветно спрема правилата на игра.“ рече Вивиен Рединг, сегашна евро-комесарката за право, а поранешна комесарка за ИКТ.

ЕУ побара и Google да ги информира граѓаните за каде поминуваат Street View колите (што Google го прави на свој сајт) но и да ги информира локалните и националните медиуми пред да почне да слика.

Покрај Street View проблем, Европската Комисија од пред некој ден започна и истрага за монополот на Google што може да го натера интернет гигантот да започне сериозно да размислува за барањата на ЕУ.

Сурфај без скапи сметки за телефон

ЕУ воведува правило кое ќе спречи мобилните корисници да направат огромни сметки, дали преку роаминг, интернет или дата роаминг (сурфање интернет од странство).

За да се спречат „шок сметките“ – изненадувачка огромна сметка за мобилен – операторите се обрзани да обезбедат можност корисникот самиот да си одреди до каде може да оди, односно корисникот да побара да биде исклучен доколку достигне одреден лимит.

„Заштитата против шок сметките за дата роаминг е корисен чекор кон градење на корисничката доверба да користат мобилна мрежа да сурфаат на интернет кога патуваат низ Европа. Оваа доверба е клучна за луѓето и бизнисите да го користат интернетот во целиот негов потенцијал.“ вели Нели Крус, евро-комесарката за ИКТ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments