{mosimage} Cosmofon, Оn.net.mk и Germanos станаа еден бренд One, мобилен оператор кој, како и претходните, е член на групацијата на Tелеком Словенија.
Компаниите го менуваат дизајнот и бојата на своето лого како и дизајнот на своите продажни салони, амбалажата на своите производи и корпоративната веб страница со што од денеска меѓусебната синергија станува уште повидлива, пишува во соопштението за јавност.
„Ребрендирањето е прекрасна алатка со којашто можеме да спроведеме некои, и повеќе од потребни, промени во бизнисот како и да дефинираме повеќе ефикасни процеси, да ја подобриме комуникацијата, да воспоставиме дијалог и.т.н.“ вели извршниот директор на ONE, Оливер Понсен.
Првиот продукт кој One го лансира е безжичната дигитална телевизија Boom TV која им нуди на потрошувачите 40 тв канали за цена од 500 денара месечна претплата. Повеќе за BoomTV тука.
{mosimage}
Македонските деца во странство ќе учат македонски на интернет
Kirilica.com.mk пренесува дека македонските деца кои живеат/се родени во странство ќе можат да го учат мајчиниот јазик преку проектот e-Училиште.( Поправка: Направивме грешка и го линкавме овој проект со ‘e-uciliste.com’ кој е комплетно друг проект поврзан со школите во Прилеп, но е неповрзан со овој текст. Се извинувам за забуната.)
Учениците ќе имаат можност да се запознаат и со културата и историјата на Македонија, вели Митко Јованов кој го води проектот.
„И покрај заложбите на државата во правец на овозможување настава по
македонски јазик и историја во дијаспората, многу мал дел од
Македонците на школска возраст се опфатени со дополнителна настава на
овој начин.“ вели г-дин. Јованов кој додава дека идејата за ваков проект се големите трошоци за испраќање наставнички кадар надвор од Македонија.
Наставата ќе се одржува еднаш неделно.
Microsoft речи Македонија
Онлајн петицијата „Мicrosoft say Macedonia" има над 16.000 потписи. Петицијата е со цел Microsoft да го користи „Мacedonia“ како име на земјата во својот софтвер наместо досегашново „FYROM".
Еден од аргументите за петицијата е што САД го имаат прифатено уставното име на Македонија.






