Безбедно пребарување со Google Safe Search

во Совети

{mosimage} Со Google Safe Search ќе можете да си го направите пребарувањето побезбедно, без сексуално експлицинтна содржина и други несоодветни глупости. Без ваков филтер ако пребарувате ‘porno’ ќе добиете линкови до порнографски сајтови. Со Safe Search филтерот ако напишете ‘porno’ го добивате ова:

{mosimage}

Доколку пребарувате ‘sex’ ќе добиете вести со зборот секс, дискриминација базирана на пол, сексуално образување… линковите се соодветни и за вашето дете.

Подесувањето на филтерот е лесно. Одите на Google.com. Доколку сакате постојано да имате филтер без врска на кој компјутер сте, се логирате со Google корисничко име. Потоа одите на ‘Search Settings’ горе десно. Во тоа мени подолу имате ‘Safe Search’ и го местите на ‘Strict’ филтер и кликате на ‘Save Settings’.

Сега Safe Search има можност со која ќе можете да си ги „заклучите“ опциите. Откако ќе го заклучите пребарувањето Google ќе се одбележи со неколку топчиња во боја. Топчињата се добри за родителите да можат да видат од подалеку дека Safe Search е вклучен и функционира, без да ги проверуваат децата нон-стоп. Видеово ќе ви објасни подобро.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments