ИТ.МК: Блогови, медиуми, контраверзен спот, Alert.mk

во ИТ.МК

{mosimage}Спотот за промоција на Македонија „Мacedonia timeless” веднаш предизвика контраверзност. Се развија дискусии од видот: ги нема албанското малцинство, има технички грешки во спотот … Но ќе се задржам на ова – 192.000 евра вредниот плагијат? Ден по објавувањето на спотот (четврток), по првите импресии кои беа позитивни, низ вестите на македонските традиционални медиуми (читај: телевизии) се објави веста – блогерите пишуваат дека спотот е плагијат на спотот грузиската етно песна “Шатилис асуло“.

Сличностите се огромни, но поинтересно беше што медиумите постојано нагласуваа дека „блогерите“ ја објавиле веста. Не успеав да ја најдам на некој блог, но затоа ја најдов на
форумот на Kajgana.com каде корисникот на тој форум Svetovid напиша: „Премногу ме потсеќа на спотот за Грузиската етно песна “Шатилис асуло“ (Ќерката на Шатили), попознат како Georgian Legend, особено финтата со книгата… Кој не верува нека погледа:

Со тоа изгледа дека спотот на Милчо Манчевски, намерно или не, сепак је промовира и информатичката технологија. Блоговите беа споменати, без врска дали се или не, во традиционалните медиуми како извор (читај: граѓанско новинарство). Но спотот не застанува тука со ИТ. Тој е е објавен и под Creative Commons лиценца, лиценца која дозволува слободно копирање и ширење на спотот.

„Мислам (исправете ме ако грешам) дека е тоа прв пат во светот една ваква работа на државно ниво да се објавува на интернет на ваков начин [под Creative Commons лиценца]. А веројатно е и првпат еден режисер на такво ниво, со портфолио во кое стои и номинација за Оскар, да даде свое дело вака“ пишува Филип Стојановски на својот блог Развигор.

Под таа лиценца ќе се објават и останатите 4 спота (од вкупните 5 спота) кои се планирани за промоција на Македонија во светот. По првите критики најверојатно дека грешките ќе се поправат, а етничките малцинства ќе бидат споменати во спотот.

Сепак спотот и сајтот кој е направен како дел од промоцијата, на кој можат да се најдат линкови до музеите, туристички агенции, галерии… се многу подобра и поефикасна промоција на Македонија него објавувањето на „празниот“ флеш банер во The New York Times за промоција на кампањата Инвестирајте во Македонија.

{mosimage}

Alert.mk
Се објави сајт со систем за надзор на заразни заболувања – EWARN (Early warning and response system for communicable diseases), на македонски АЛЕРТ.

„Со цел за изнаоѓање на подобри решенија и дополнување на постоечкиот систем, како и негова апроксимација кон потребите на законодавството на ЕУ и Меѓународниот здравствен правилник,
Министерството за здравство го прифати и одобри проектот на СЗО: ”Систем за рано известување и надзор над заразните заболувања” – EWARN (Early warning and response system for communicable diseases), со чија примена ќе се спроведува надзор над заразните болести и ќе се даде можност за рано откривање и брз одговор на епидемии на заразни болести“ пишува на сајтот.

Цел на системот е:

* да даде веродостојна или што пореална слика на моменталната состојба со заразните болести во период од 7 дена, за да
може правовремено да се преземат потребните мерки и активности.
* се остварува навремено откривање на групите на случаи (cluster) од заразни болести.
* се олеснува следењето и анализата на трендот во временски период.

Со АЛЕРТ-от се врши надзор над одредени групи болести:

* болести со сезонско појавување,
* болести значајни поради високиот морбидитет или
* болести значајни поради тешката клиничка слика и прогноза

На сајтот Alert.mk можат да се најдат документи и неделен извештај во .pdf и word формати за заинтересирани, како и телефонските броеви, адреси и е-маил адреси на сите поважни здравствени институции во Македонија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk