{mosimage}На 23 декември, во Стопанската комора на Р. Македонија, се одржа изборот за Наградата на Светскиот самит за информатичко општество (World Summit Awards), организиран во Македонија од Фондацијата Метаморфозис. По неколку часовната презентација на проектите пред мултидисциплинарното жири, беа избрани победници во осум категории.
Од пријавени 22 кандидати (на настанот со свои презентации недостасуваа 7) беа избрани следниве проекти по категории:
- Во е-владеење и институции беше избран проектот на Министерството за транспорт и врски, Epolicy.mk
- Во е-култура и наследство, Дигиталниот архив на македонскиот јазик на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ)
- Во е-бизнис и трговија, Инвестициониот портал Broker.com.mk
- Во е-учење и образование, интерактивната детска игра Авантурите на Дино на компанијата Зона ДООЕЛ
- Во е-наука и технологија, (нашиот и вашиот :-)) IT.com.mk
- Во е-здравство и животна средина, Македонскиот портал за ракот
- Во е-забава и игри, проектот Мултибокс на Македонски Телеком
- Во е-вклучување и учество, Mladiinfo.com на студентската организација ФЕЈС Македонија
По избирањето на претставниците за Македонија, тие потоа по електронски пат треба да ги пријават своите проекти на сајтот на глобалната Награда на Светскиот самит, по што ќе бидат разгледани од глобалното жири составено од претставници на сите земји.
Наградата на светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на е-содржини и проекти и е организирана од страна на Обединетите Нации. Секоја втора година по ред, започнувајќи од 2003, во над 160 земји ширум светот се одвиваат национални избори чии победници подоцна продолжуваат на еден глобален натпревар.






