WoW: Wrath of the Lich King

во Рецензии

{mosimage}Знам дека поминаа две-три недели од објавувањето на второто продолжение нa WoW, но толку време ми беше потребно да стигнам до 80-ти левел и да го разледам Northrend. Заклучокот е – Blizzard, кои се зад хитовите Diablo, Starcraft и Warcraft, е едноставно генијална компанија. Не за џабе 12 милиони луѓе се внесуваат во магичниот свет на WoW.

Новото во WOTLK
Нов континент Northrend, нова класа Dead Knight, возила, нова приказна, нова опрема, нови таленти, нова професија, нови динамични сенки… сите нови нешта Blizzard ги склопи со старото. Wrath of the Lich King продолжува од таму каде што застана оригиналната Warcraft 3. Главното зло е Arthas, главниот карактер во Warcraft 3.

Прво што се забележува е дека WOTLK не е графички напредната. Освен динамичните сенки, играта изгледа исто како и првата „ванила“ WoW. Kога најновите видео игри се стремат кон графичка супериорност, каде графиката на видео играта е блиску до реалноста, WoW е на спротивна страна од целиот хаос. Сеуште е истиот магичен свет, на моменти изгледа како детски цртеж, како што беше пред 4 години.

Но тука е и моќта на Blizzard. Тој магичен свет овозможува уште повеќе да се играат со околината, со пејсажот кој на моменти изгледа фантастично. Додадете ја и приказната која влече корени од првите Warcraft, додате ја секогаш фантастичната музика и ќе ја добиете сликата зошто луѓето се „губат“ во играта.

{mosimage}

{mosimage}

Новото во Wrath of the Lich King е само продолжување на приказната и технички детали за подобрување на игривоста, која често е и поради сугестија на играчите… а сепак тие мали измени во масивниот свет на Warcraft додаваат толку многу работи да се истражат и откријат. Како што реков, ми требаа две недели да видам што нуди WOTLK, од левел 70 преку "квестање" до 80 па право во Naxxramas, првата end-game инстанца.

Игривоста во WOTLK и end-game инстанци
„Ванила“ WoW и првото продолжување Burnin Crusade често беа строги кон играчите кои едноставно сакаа да играат полабаво од хардкор играчите кои поминуваа саати во тешките инстанци (пештери со тешки boss чудовишта). Така да често тие обични играчи не успеваа да ја видат целата содржина на играта. Тие пештери беа направени за групи по 40 првин, па во Burning Crusade по 25 играчи, кои работеа заедно да убијат еден boss за кој што беше потребно тактика, координираност, каде грешките значеа потрошено време и нервоза. Од таквите ситуации, каде многу играчи беа изоставени и каде долго креираната содржина ја гледаат само дел од играчите, на Blizzard им стана јасно дека мора да смени нешто.

Во една прилика, еден од администраторите на форумот на Blizzard искоментира „нема да потрошиме милиони и толкаво време за само 5% од играчите да ја видат таа содржина“.

Се претстави едноставно решение. Вo WOTLK се воведе систем кој овозможуваше крајните инстанции, кога играчите се најголемиот левел 80 и кога приказната ве води во најтешките делови од играта, да можат да се завршат со 10 или 25 луѓе. Со тоа се понудија лесна и тешка опција на двата вида играчи, хардкор и обични, да ја видат целата содржина и се што нуди WoW.

{mosimage}

Додатно за игривоста е преставување на новите таленти за борба на класите и тоа што се додаде уште една класа Dead Knight која донесе малку разновидност во скоро 4 години стариот избор на класи. Dead Knight е херојска класа која започнува од левел 55. Но доколку сте почетник во WoW нема да може да почнете со Dead Knight бидејќи Blizzard бара од вас да имате претходно стигнато до тој левел. Целта е да се види претходнит свет, да се вклопи почетникот во приказната и да научи како се играат класите. WoW има интересен принцип т.е туторијал за можностите на секоја класа. Кога ќе се види што се има на екранот на некој голем левел, милиони дугмиња, играњето изгледа многу многу тешко. Но на самиот почеток, класата почнува само со 2-3 способности, кои низ истражувањето на WoW се зголемуваат. Така да на крај едноставно знаете зошто ви служат тие мал милион дугмиња.

{mosimage}

Player vs. Player (PvP)
Разгледување на пејзажот, убивање на boss-от и вршење квестови е основниот играч, или во WoW –
играчите, против компјутерот (Player vs. Environment). Тоа може да стане досадно по често повторување. Кога ќе се стигне до крајниот левел во WoW и ќе го убиете змејот повторно и повторно, што понатаму?

Тогаш ви текнува дека вие припаѓате на Хордата водена од таурени, орки, тролови… и дека вашиот непријател е Алијансата – луѓе, џуџиња, елфови… тогаш започнува битката.

Со WOTLK се претставија и возилата, тенкови и други слични возила, кои рушат згради и уништуваат се пред себе. За да се користат тие возила, наместо да се менува целата претходна игра, се воведе ново, четврто по ред, бојно поле Strand of the Ancient во кое едната фракција брани тврдина додека другата користејќи ги возилата ги напаѓа.

Слично на тоа battleground се воведе и цела PvP зона – Wintergrasp – каде играчите напаѓаат тврдина која другите ја бранат. Кога ќе се заземе тврдината победничката фракција има пристап до нови награди, нов boss и додатни квестови. Битката започнува секои 2 часа и 30 минути.

{mosimage}

Но тука не застанува PvP борбата. Од 18 декември започна и новата Арена сезона. Арена е место каде групи од 2/3/5 си ги испробуваат силите. Според поените се добива додатна опрема. Интересно за Арените во WOTLK е што сега има нова класа Dead Knight и што останатите имаат нови таленти, така да ќе има интересни мечеви. Овој аспект на WoW е уште од „ванила“ верзијата, а денес добива статус на е-спорт.

Заклучок
Игривоста и PvP се двете нешта што ја држат армијата од 12 милиони пред мониторите со памет вo светот на Warcraft. Wrath of the Lich King донесе нова содржина и нови битки така што ги исполни елементите потребни за добра забава.

Единствено нешто што би додал е воведување на динамичните сенки кои додаваат преубав ефект на играта, но проблемот е што тие сенки бараат машина со неверојатни графички можности, така да многу играчи ги занемаруваат и се враќаат кон старата едноставна кружна сенка.

За крај …. For the Horde!

{mosimage}

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments