0 коментари 3 мин. читање 6 јуни, 2022

ИТ компанијата Делтатре го одбележа отворањето на редизајнираната канцеларија во Скопје

Делтатре неодамна официјално го прослави отворањето на новата канцеларија во Скопје која доби нов и уникатен изглед. На забавата присуствуваа вработените од Делтатре Скопје, соработници, како и вработени од останатите канцеларии на Делтатре низ светот.

Водечката компанија во ИТ сферата чиј главен фокус се развивањето на софтвер за спорт и забава успеа да создаде модерен и удобен простор кој поттикнува продуктивност, креативност и секако забава. 

Новиот дизајн на канцеларијата го сочинуваат главниот канцелариски простор кој има отворен концепт, како и неколку функционални микро простории, конференциски сали, соба за презентации и „on-call booths“ кои им овозможуваат флексибилен простор за работа на вработените.

Она што ја прави оваа канцеларија исклучително различна се деловите наменети за релаксација и дружење. Вработените во Делтатре можат слободното време да го поминуваат во собата за игри, собата за рекласација и медитација, гледајќи филм во малата кино сала или дружејќи се во новата омилена зелена просторија. 

Новиот и модерен редизајн на канцеларијата е комплетиран со целосно брендирање и опрема на Делтатре. 

HR менаџерката Стефанија Зип вели: Неверојатно возбудливо е да се видат реализирани нашите планови за канцеларијата на Делтатре во Скопје. Убедена сум дека ќе биде средина која ќе се карактеризира со иновации, соработки и стекнување нови знаења и искуства. Ова е одличен момент да се придружите на тимот на Делтатре – работиме на некои од најголемите настани во светот, додека продолжуваме да го развиваме нашето портфолио на продукти и да им служиме на значајни клиенти од областа на спортот и забавата.“

Сепак, многу поважно од самата канцеларија е тимот на креативни, мотивирани и продуктивни професионалци кои го прават ова место идеална средина за работа. Во моментов Делтатре има повеќе отворени работни позиции и е во потрага по посветени и талентирани нови колеги.

Ги охрабруваме сите заинтересирани да ја посетат веб страницата на Делтатре и да ја пронајдат позицијата која најмногу одговара на нивното искуство и експертиза.  

Делтатре е лидер во создавањето ултимативно стриминг-искуство на спортските обожаватели во секое време, од секое место и на секој уред. Со своите водечки продукти на пазарот и портфолиото на услуги, оваа компанија го промени начинот на кој луѓето ги доживуваат и консумираат спортот, платформите за забава и воопшто стримингот. Во престижната листа на Fast Company, Делтатре е именувана како една од „Најиновативните компании во светот“.

Информации за контакт
ПР менаџер – Бен Тобин
[email protected]

HR менаџер – Стефанија Зип
[email protected]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top