0 коментари 1 мин. читање 2 јули, 2013

Apple го заштити името iWatch во Јапонија, Русија и Мексико и Тајван

По Јапонија, Тајван и Русија, Apple поднесе барање за заштита на името iWatch и во Мексико, со што ги потврди гласините дека работат на паметен часовник. Според претходните извештаи, Apple има околу 100 дизајнери кои работат на часовникот кој ќе работи на iOS платформата, ќе може да се прават повици и ќе има сензори за да се стартуваат апликации за фитнес или следење на здравјето.

Аналитичарите велат дека паметниот часовник е логичен чекор напред кон освојување на нови пазари за големите компании (Apple, Google, Microsoft и Samsung). Пазарот на паметните телефони е заситен, а паметните часовници ќе бидат продавани како дополнителни додатоци на телефоните. Се проценува дека пазарот на часовници вреди околу 60 милијарди долари според годишните продажби.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top