{mosimage}И покрај светската економска криза, Google се уште успева да прави пари. Иако аналитичарите не очекуваа во овие „темни“ времиња огромни профити, сепак Google од кликањето реклами пријави раст на 26% профит во третиот квартал на 2008 година. Компанијата пријави 1.35 милијарди долари профит за третиот квартал споредбено со минатата година кога во овој квартал имале 1.07 милијарди.
Исто така кликањетото на реклами, што многу аналитичари веруваа дека ќе е во застој поради кризата, се зголемило за 18%. По објавување на резултатите акциите на Google очекувано пораснаа за 10%.
– Омилено време за менаџирање е низ гужва. Тогаш е појасно што корисниците сакаат и кои треба да ви бидат приоритетите – изјави Sergey Brin, ко-основачот на Google за Аssociated Press.
{mosimage}
Google-овиот успех се должи на намалување на капиталните трошоци за 18%, односно на 412 милиони долари што ги направи инвеститорите среќни. Пример: Како компанија која им дава бесплатен оброк на своите вработени за да заштедат тие го намалиле работно време на кафулињата. И вработиле само 590 нови луѓе наспроти 2.130 минатата година. Сега имаат "само" 20.123 вработени.
Сепак мора да се напомене дека Google е компанија која има 80% од рекламниот пазар во САД и 95% во Европа, така да успехот не е изненадувачки. Изненадувањето сепак е што повторно успеа да ги пројде и очекувањата. Компанијата се проценува дека вреди околу 200.000.000.000 американски долари, додека богатството на двајцата сопственции е проценето на 40 милијарди, односно по 20 за двајцата.






