{mosimage}По 18 месечна истрага Европската Унија откри дека околу 301 веб сајтови кои продавале рингтонови, како и слики и други сервиси за мобилните телефони, ги прекршуваат европските закони за потрошувачи. Од тие 301 сајтови, 54 се затворени, додека на 159 сајтови им е наредено да се поправат.
Проблемот со сајтовите е што немале објавено соодветни јасни цени за услугите. Сајтовите исто така имале лажни маркетинг пораки. Најголемиот проблем е што тие сајтови најчесто се посетени од деца и тинејџери кои се измамени па родителите во сметките за телефон наоѓаат „неубави изненадувања“ како што вели Маглена Кунева, евро-комесарката за потрошувачки прашања.
„Целата наша работа беше
наоѓање на скриени наплати и неубави изненадувања напишани со малечки букви на веб сајтовите, што евентуално ги манипулараат и измамуваат потрошувачите." вели г-ѓа. Кунева.
{mosimage}
Според истражувањето 3/4 од сајтовите не давале информации како може да се обратите на нив, што е според европските закони. Додатно 28 отсто од сајтовите велат дека услугите се бесплатни, иако имало наплата, додека 35 отсто ги криеле цените со мали букви.
„Луѓето се претпазливи за трошењето пари и затоа треба да се има транспарентни цени. Тие треба да се во можност да споредат цени, да резгледаат и да го најдат најдоброто за нив. За овие мобилни продукти, младите потрошувачи се во најголем ризик." вели евро-комесарката Кунева.
Интересно, продавањето на вакви мини услуги, пред се рингтонови за мобилен опфаќа 29 отсто од европскиот пазар за мобилна содржина. Во 2007 година продажбата на рингтонови донела 691 милиони евра.
Сличнo вакво истражување се изврши и врз веб продавниците кои продаваат технологија и се добија непријатни резултати. Повеќе ќе најдете на ИТ.ЕУ: Претпазливо со веб продавниците.






