(Ова е гостински текст на Mартин Рајовски а.к.а Fatality како што е познат на форумот на IT.com.mk)
{mosimage} Kliknime.com.mk е сајт на кој ги има сите останати македонски веб-локации. Иако има голем број на приjавени, се уште фалат сајтови приавени. Сајтовите се сортирани по дејности со што лесно можете да го најдете бараниот сајт, како и да направите споредба на различни сајтови од ист тип.
Освен пристапот до македонските сајтови кои веќе се на листата, kliknime.com.mk ни овозможува сами да додаваме сајтови, при што е потребно краток опис на сајтот и една слика од насловната.
Toa што недостасува на сајтот е пребарувач. Исто така описот на сајтовите е на латиница што сметам дека треба да се преправи во кирилично писмо… сепак се работи за македонски сајтови.
Kliknime.com.mk е одлична идеjа и се надевам
дека ќе се развие во голема база на домашни сајтови.