ИТ.ЕУ: Тужба против Британија

во ИТ.ЕУ

{mosimage} Европската Унија ќе ја тужи Велика Британија бидејќи не ги почитувала правилата за интернет приватност на корисниците со тоа што не ги ограничила ниту превзела нешто против „таргетираните“ реклами. Станува збор за Phorm рекламите, а тужбата беше очекувана бидејќи ЕУ уште пред неколку месеци ги предупреди властите во Британија да превземат нешто за овие контроверзни реклами.

Тужбата се појави откако ЕУ добила голем број поплаки од корисниците дека BT Group PLC (British Telecom) ги тестирал Phorm рекламите во 2006 и 2007 година без да ги информира корисниците дека ќе бидат дел од тестирањето. По неколку официјални барање да се спречат и да се прекинат тестирањата, како и барања да се достави документација за истите тестирања кои британските власти не ги исполнија, следи тужбата.

Инаку контроверзните реклами се всушност „тракери“ односно го следат однесувањето на корисниците на интернет и врз основа на кој сајт корисниците го посетиле или кој продукт тие го купиле, системот на Phorm им прикажува реклами слични на продуктите или сајтовите кои биле посетени. За да функционира тој систем, мора да ги забележува сајтовите кои се посетени, а тоа е против правилата за приватност. Иако Phorm се обидува да докаже дека нивната технологија не е опасна, ЕУ се противи најмногу бидејќи бара корисниците да бидат свесни дека ќе добиваат „таргетирани“ реклами. Според ЕУ мора да постои опција со која корисникот ќе може да одбие да добива „таргетирани реклами“.

"Таквата технологија според Европската Комисија и европскиот закон за заштита на податоци може да се користи само со одобрување од корисникот“ изјави Мартин Селмар, портпарол на ЕУ, додека европската ИКТ комесарка Вивиен Ридинг изјави „Технологијата како таргетираните реклами на интернет можат да бидат корисни за бизнисот и корисниците, но мора да бидат искористени на соодветен начин според ЕУ законите“

Таа денеска во нејзиното неделно обраќање рече дека „Приватноста мора да биде приоритет во дигиталната ера“.

{mosimage}





Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk