Скратете и следете ги линковите со Bit.ly

во Совети

{mosimage}Bit.ly е веб сервис сличен на TinyURL кој служи за кратење на линковите, односно URL адресите кои подоцна можете полесно да ги споделувате со своите пријатели преку ИМ клиенти, веб сајтови и сл. Откако Twitter дојде на сцена со ограничувањето на постови до 140 карактери, овие сервиси доживеаа вистински бум. Bit.ly не е најкраткиот сервис за линкови (постојат слични сервиси како Is.gd), но дефинитино е најкорисниот бидејќи овозможува следење на бројот на кликови на вашиот скратен линк.

Овој интелигентен URL скратувач користи веб колачиња за да ги запомни последните 15 линкови кои вие ги имате скратено во Bit.ly/ адреси и овозможува графички приказ на бројот на кликови според време и бројот на референти. Дополнителни функции вклучуваат и овозможување на геолокациски и категориски информации на сајтовите кои ги скратувате. На почетната страна на сајтот, сервисот ви ги прикажува и вашите Топ 5 Bit.ly линкови, односно оние кои имаат највеќе кликови.

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}

Доколку сте Twitter зависник, ќе го обожавате сервисов затоа што ви дава добра прегледност за линковите кои ги постирате. На сајтот директно можете да се логирате и со вашето Twitter корисничко име и да постирате на вашиот Twitter профил преку Bit.ly. А како и другите скратувачи на линкови, и Bit.ly овозможува да го скратите линкот со "свои зборови."

{mosimage}

Сајтот е хостиран на Amazon S3 сервисите па така функционира одлично и е стабилен. Bit.ly има и едноставна која може да ја искористите за вметнување на сервисот во веб апликации, а исто така е достапен и преку XML и JSON. Сервисот е објавен од Betaworks во јуни 2008… а пред само два месеци доби инвестиција вредна 2 милиони долари… замислете и тоа во сред економска криза :), па така може да очекуваме доста подобрувања во блиска иднина.

Бонус: Доколку го користите Mozilla Firefox како свој прелистувач, достапна е екстензија (сеуште во експериментална фаза) која овозможува без да кликнете на Bit.ly линк да го прегледате вистинското URL на сајтот, насловот и сл.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments