ИТ.ЕУ: Роаминг цени, избори, пиратерија

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Вчера со огромно мнозинство Европскиот парламент го изгласа планот на Европската комисија да се воведат стандардни цени и услови за роаминг услугите за кои подолго време се дискутираше. Новите ЕУ правила (кои можете да ги најдете на следниов линк) ќе стапат на сила на 1 Јули. Со овие регулативи се планирани неколку значајни измени кои ќе го олеснат користењето на оваа услуга од страна на корисниците:

  • Стандардни цени – 0.11 евроценти за роаминг СМС, 1 евро за 1 мегабајт за сурфање на интеренет преку мобилен
  • Овие цени ќе се намалуваат постепено секоја година до 2011 кога 1 мегабајат треба да чини 50 евро центи
  • Заштита на корисниците од „шокантни сметки“
    – корисниците ќе бидат информирани кога сметката ќе им стигне до 50 евра и ќе постои опција корисникот да си одбере дали ќе продолжи да ги користи услугите за тој месец. Операторите ќе имаат време до март 2010 да постигнат транспарентност во овие мерки
  • Принцип за наплата по секунда по привите 30 секунди од роаминг разговорт
  • Европскиот парламент ја задолжи Комисијата која го предложи планот во 2007, да го надгледува развојот на роаминг пазарот и да поднесе извештај во лето 2010 година.

Ме слушаш ли Европо?
Европската унија заедно со музичкиот канал MTV објавија веб сајт на кој сите млади европејци ќе можат да „се изразат, да и кажат на ЕУ кои се, да се обратат на Брисел за нивните проблеми, сономи, поплаки и идеи“ со постирање на пораки, твитови и видеа на сајтот.

Сајтот, односно кампањата „Ме слушаш ли Европо?“ е со цел да ги мотивира младите гласачи пред евро-изборите во јуни, кога ќе се одбираат новите евро-парламентарци. Кулминацијата на кампањата ќе биде 30 Април кога ќе се одржи фестивал во Берлин, Прага и Милано, пренесуван онлајн и на MTV.

Пиратеријата спречи телеком реформи
Планираните реформи во телекомуникациските закони на ЕУ наидоа на пречка откако се појавија спротиставени ставови во борбата против
пиратеријата.

Франција и Британија бараа поригорозни мерки да се справат со прекршувањето на авторските права додека комитетот за индустрија на Европскиот парламентот го бранеше претходниот став дека корисниците треба да се заштитат од полициски интернет. Главниот аргумент против таквите мерки за борба против пиратеријата како „Création et Internet“ беше дека „не треба да се поставуваат рестрикции на фундаменталните права и слободи на корисниците, без претходно одобрување од правните авторитети“

Разговорите за изнаоѓање компромис ќе продолжат во мај пред телекомуникациските реформи да се појават за гласање во Европскиот парламент.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments