Надополнето: Продажбата на музика опаѓа

во Веб

{mosimage}(22.04.2009) Според истражувањето на BI Norwegian School of Management се покажа дека пиратите, односно тие што симнуваат нелегална содржина се всушност и најверните купувачи на музика. Истражувањето е извршено со 1.900 интернет корисници кои ги користат P2P мрежите за симнување на музика. Испитаниците најчесто купуваат музика онлајн во MP3 формат преку сервиси како iTunes на Аpple.

Интересно истражувачите од BI School of Management не им верувале на пиратите. И покрај сé пирати се пирати, па им побарале докази за купена музика.

Оваа истражување како појдовна точка ги зело податоците од истражувањето на Канадската асоцијација на музичката индустрија кое во 2006 година покажа слични резултати, дека пиратите се верни купувачи. Сепак музичкиот издавач EMI не е убеден дека тоа се исправни и точни информации.

{mosimage}

„Има едно нешто на кое веруваме, а тоа е дека конзумирањето на музика расте, додека приходите се намалуваат. Не може да се објасни на друг начин освен дека нелегалното симнување е поголемо од легалната продажба на музика“ рече Бјорн Рогстад од EMI за норвешкиот весник Aftenposten кој ја објави веста за истражувањето на BI.

Оваа студија се појави ден по одлуката на шведскиот суд да ги затвори основачите на The Pirate Bay за „потпомагање на пиратеријата“.

Надополнето 23.04.2009:
Два дена по објавувањето на истражувањето на BI School of Management, музичката индустрија излезе со бројки за годишната продажба на музиката. Годишната статистика е од International Federation of the Phonograpshic Industry (IFPI.org) организација која ја претставува индустријата и музичарите и авторите.

Иако дигиталната продажба се покачила 24.1% до 3.78 милијарди долара и се зголемиле приходите од концертите и настапите, сепак вкупната продажба паднала за 8.3% на 18.4 милијарди долари, главно поради падот од 15.4% на физичките продажби (ЦД, ДВД, …)

{mosimage}

Во Европа падот на продажбата е најблаг со вкупни 7.3 милијарди (пад од 6.3% од претходната година), главно поради најголемиот раст од 36.1% на дигиталната продажба до 750 милиони долари, додека физичката продажба паднала 11.3% до 5.8 милијарди долари.

Сепак најголемиот пазар, САД, забележува драстични проблеми. Физичката продажба се намалила за една третина, дигиталната се зголемила 16.5% до 1.78 милијарди, додека профитот од концертите и настапите се зголемил дури 133%. Но сепак падот на продажбата е 18.6% намален до 4.9 милијарди долари.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk