Ефектот на ѕвездите над Twitter

во Веб

{mosimage}Сите кои следат NBA кошарка го знаат огромниот џин Шекил О’нил, кошаркар на Лејкерс и Мајами. Но можеби го знаете и од Twitter каде Шек е огромна звезда и зависник од сервисот за микро-блогирање кој се повеќе ги привлекува познатите светски ѕвезди и нивните фанови. Twitter за многу ѕвезди е одлична алатка да си комуницираат со фановите и да се промовираат, но за многу од нив се сомнева дека тие самите си ги пишуваат пораките, односно имаат вработено некој друг да го прави тоа за нив.

Но не и за @TheRealShaq кој стана опседнат со сервисот. Тој јавно ги покани сите негови Twitter пријатели кои ќе го сретнат на улица да не се срамат да се поздрават. Уникатноста на Twitter и шармот на Шек овозможи поотворена комуникација меѓу него и фановите, со шегување, со споделување на приватни фотки сликани од неговиот личен телефон, со коментирање … Twitter го претстави правиот Шек, личноста пред ѕвездата.

Еве како изгледаше ефектот на неговото појавување на Twitter:

{mosimage}

Многу бргу на Twitter по Шек се појавија многу ѕвезди кои го промовираа сервисот главно зборувајќи за него во емисиите. Еднаш имаше коментар дека Twitter станал маинстрим бидејќи Џон Стјуарт од The Daily Show го споменал во емисијата.

The Daily Show With Jon StewartM – Th 11p / 10c
Twitter Frenzy
thedailyshow.com
Daily Show
Full Episodes
Economic CrisisPolitical Humor

Џими Фелон, исто така фан на Тwitter, на своето шоу го објаснуваше Twitter заедно со основачите на сервисот. Неодамна Aштон Кучер заедно со CNN го промовираа сервисот со „трка до 1 милион корисници“ и создадоа вистински интерест помеѓу Холивуд ѕвездите.

Последната ѕвезда која се приклучи на „Тwitter-манијата“ е Опра Винфри. Еве како изгледа нејзиниот ефект над посетеноста на Twitter:

{mosimage}

Twitter не ни можеше да замисли подобра промоција од бесплатно ангажирање на популарните фаци, некои од нив и со огромно влијание како Опра Винфри. Ако до сега за Twitter се зборуваше постојано, што треба да очекуваме сега кога сите стануваат опседнати со него?



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments