0 коментари 2 мин. читање 9 септември, 2009

ИТ.ЕУ: Претпазливо со веб продавниците

{mosimage} Повеќе од половината веб сајтови кои продаваат електрична опрема и технологија го прекршуваат европскио закон така што кријат наплати, ги лажат корисниците и не даваат адреса да се врати производот, вели Европската Комисија.

Во истражувањето биле опфатени 369 веб страни т.е веб продавници кои продавале мобилни, двд плеери и конзоли за игри од 28 европски земји. Се покажало дека 203 од нив даваат лажни информации на потрошувачите. А како најголем проблем е враќањето на продуктот во рок од 7 дена бидејќи нема адреса каде да се врати купениот уред ако потрошувачот се предомисли.

Дури 2/3 од продавниците не успеале да обезбедат соодветни информации за враќање на продуктот, што
е против европската директива 97/7/ЕC
за заштита на потрошувачите. Околу 150 милиони европејци купувале производи онлајн, вели Комисијата.

„Ова е проблем за кој треба европско решение. Има многу работа во наредниве месеци за да се исчисти овој сектор.“ вели Меглена Кунева, евро-комесар за потрошувачки прашања.

Друг проблем е дезинформирање за цената. Имено во цените објавени на сајтот не се вклучени и цените за испорачка и поштарина на продуктот. Често продуктите биле со лажна „бесплатна достава“. Исто така цените не биле со вклучен данок.

Следниот извештај за тоа дали се подобрила онлајн услугата ќе биде во средина на 2010 година.

{mosimage}



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top