Аpple престави iPod nano со камера, аудио-рекордер, FM радио…

во Хардвер

{mosimage} (Текстот е надополнето со новините кои Apple ги престави на „Роck and Roll“ настанот. )

Најновото од Apple, како што се очекуваше, е iPod Nano со камера. Оваа новина беше преставена на
„It’s only Rock and Roll, but we like it“ настанoт кој се одржа вчера во Сан Франциско. Подолу ќе најдете кратка листа од најновите сервиси и уреди од Apple, како и статистика за продажбите и успехот на Apple, преставена од Стив Џобс, извршниот директор на Аpple, кому ова му е прво појавување во јавноста по една година, од кога беше на операција на пресадување на црниот дрб.

За жал, Apple таблет не беше ниту преставен, ниту најавен на настанот. Еве што беше преставенот на настано:

  • iPod nano – Сега со видео камера, поголем дисплеј од 2.2 инча,како и можност за користење микрофон и снимање аудио запис, FM радио…
  • нови цени за iPod – Аpple престави нови поефтини цени за iPod Touch: 200 долари за 8GB, 300 за 32GB и 400 за 65GB. Исто така iPod Touch сега е оптимизиран за да може подобро да се играат игри на него. Но за разлика од Nano, нема камера.
  • iTunes 9 – сега со опција за споделување преку друштвените мрежи Twitter, Facebook и Last.fm. Новата верзија на софтверот е полесна за прелистување со преглед на песни, видеа и филмови. Содржи и oпција за менаџирање на апликации за iPod и iPhone.

{mosimage}

Стив Џобс објави и неколку бројки повржани со продуктите на Apple.

  • iPhone – 30 милиони продадени за 2 години. App Store содржи околу 75.000 апликации кои се симнати над 1.8 милијарда пати.
  • iPod – 220 милиони iPod уреди се продадени до денес, што го прави овој продукт еден од најуспешните во историјата. Од вкупната бројка, 20 милиони уреди се iPod Тоuch, продадени за 2 години. Има преку 21.000 видео игри и забавни наслови за уредот, споредено со 3.600 видео игри на Nintento и oколу 600 игри за Sony PSP.
  • iPod nano – Над 100 милиони продадени. Оваа бројка сигурно ќе се зголеми земајќи в обзир дека сега има камера, радио, можност за снимање аудио…
  • iTunes – број 1 продавач на музика во светот со 8.5 милијарди песни симнати од iTunes, кој има преку 100 милиони корисници.

Подолу можете да ја погледнете (р)еволуција на iPod-от кој прв пат беше промовиран во 2001 година и беше само обичен mp3 плеер кој многу бргу ја револуционираше музиката и денес низ светот има над 200 милиони iPod уреди. Eве го првото видео кога Стив Џобс го престави iPod-от во 2001 година со зборовите „1.000 песни во вашиот џеб“.

Првиот iPod беше со 3GB капацитет и чинеше многу, околу 300-400 долари. Подоцна почнаа да се произведуваат уреди со 30GB. Иако скап, во 2004 год. Apple имаше продадено 2 милиони уреди. Во 2005 година се објави iPod shuffle, помал уред без екран кој чинеше oколу 100 долари. Подоцна во 2005 година, се појави и iPod nano – уште потенок iPod со 2 и 4GB капацитет.

„Тогаш Apple одеше против текот на реката – искуството велеше дека треба повеќе капацитет да продадеш, не помалку. Но во реалноста, повеќето луѓе – меинстрим корисниците – немаа MP3 библиотеки поголеми од неколку гигабајти. Покрај тоа им се допаѓаше големината и цената[200 и 250 долари] на iPod nano“ пишува Business Insider, каде можете подетално, низ 19 периоди, да ја разгледате еволуцијата на iPod-от.

Тоа што ја револуционираше продажбата на музиката и популарноста на iPod-от е iTunes музичката продавница, која Apple ја објави во 2003 год. 1 песна чини
1 долар, а во првата недела iTunes продаде 1 милиони песни. Подоцна кога iPod-от доби опција за видеа, на iTunes се најдоа и видеа за по 2 долари и филмови за 10 до 15 долари, некои и со ДВД квалитет.

Во 2007 беше преставен iPhone. Тоа што е овој телефон придонесе е најновиот iPod Тouch кој слично како телефонот, нема тркалца туку е комплетен на допир. Единствената разлика е што Touch не е телефон. Apple исто така стартуваше нова платформа како iTunes, но овојпат за веб апликации – App Store, која беше неверојатен успех за iPhone со околу 1.8 милијарди симнати апликации.

Денес од првичниот iPod – mp3 плеер со 1.000 песни имаме iPod Тouch – уред кој е практично мал компјутер за забава: музика, филм, апликации, игри, интернет, камера…



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk