И серверот стана опслужувач…

во ИТ.МК

„Овој поимник има за цел да ја зголеми употребата на македонски зборови од областа на информатичката технологија во секојдневната комуникација“, изјави министерот за информатичко општество Иво Ивановски кој посочи дека „Овој превод ќе се смета за официјален во македонскиот јазик и затоа ќе се задолжат сите органи на државната управа да ги користат направените преводи.“

Речниците се лекторираат пред да се печатат, но можат да се симнат од тука
(линкот е од веб страната на МИО):

Интересно е што „сервер“ е преведен како „опслужувач“, а „web“ како „веб“. Очигледни се пречките во преводот на некои термини. „ЕSC key“ е преведено како „копчето ESC“, најверојатно бидејќи буквалното преведувањето во „Копчето Бегај“ е… смешно. Преводот, покрај јазичните бариери,
има проблем и со практичноста.
Тастатурите кои ги користиме се на англиски. Софтверот кој го користиме е на англиски, со исклучоци се разбира. Интернетот е на англиски. По се изгледа е дека ќе имаме официјални термини и практични термини, што и не е толку лошo бидејќи јазикот ќе се збогати со ИТ синоними.

Секако не треба да се застане во превод на само околу 1300 термини. ИТ индустријата напредува брзо и се појавуваат разни нови термини. Пример, во „Поимникот“ не видот дека го има „cloud computing“. Следниот чекор треба да биде еден голем лексикон. Ако ги преведуваме термините и ги означуваме со нови зборови тогаш треба да ставиме и објаснување покрај тие зборови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments