0 коментари 2 мин. читање

ИТ.ЕУ: PressЕurop.еu

{mosimage}Eвропската комисија го стартуваше PressEurop.eu, веб портал со повеќејазична подршка на кој ќе бидат објавувани текстови чија содржина е унијата, а кои ќе бидат преземени од многу познати весници: Le Monde, Le Figaro, Financial Times, The Economist, Washington Post, Corriere della Sera, FAZ… Земајќи в предвид дека секој знае по еден-два европски јазици, не сите, овој портал може да ве информира за ЕУ и за случувањата низ останатите земји.

Интересно кога и да има дискусија за ЕУ низ македонските медиуми често се користи аргументот „така е на запад“ или „така е во Европа, во таа и таа земја“. Сега ќе имате шанса да прочитате и да коментирате на текстовите за ЕУ темите од „таа и таа земја“ без врска дали вестите се напишани на француски, англиски, шпански …

Од друга страна како и секој портал или магазин, PressEurop.eu има уредувачка политика. Бидејќи е портал спонзориран од Европската комисија најверојатно некои теми ќе бидат избегнати. Покрај преземената содржина ќе има и оригинална содржина напишана од слободни новинари како и 10 новинари/уредници, a содржината ќе биде преведена од професионални преведувачи.

Во пракса ЕУ ги преведува своите сајтови на толку јазици колку што има членки. Меѓутоа тоа се официјални сајтови кои содржат нивна содржина, која што е ПР содржина. Со PressEurop.eu сите што сакаат да читаат за ЕУ теми ќе имаат преведени текстови од различни весници на јазик кој што го разбираат.

{mosimage}



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top