{mosimage}Сигурно кога посетувате сајтови, блогови, портали сте виделе дека при крај на блог пост или текст има едно „сподели“ односно „share“ со икони до друштвените мрежи, е-маил… Најверојатно многу од вас не го ни користат таа мала апликација, сигурно многумина не и ни обрнале внимание, но тие неколку линии код, поконкретно AddThis плагинот собира информации од 500 милиони уникатни корисници секој месец, според comScore.
Тоа е половина интернет! Преку такви мали виџети кои овомозжуваат полесно споделување на линкови, компанијата ClearSpring.com има пристап до информации за половина од корисниците на интернет. Тие знаат не само што 500 милиони корисници споделиле, туку и што правеле на тие страни кои ги посетиле.
За да биде појасно, еве што е AddThis.
Навистина корисна алатка кој го прави животот поедноставен за секој кој има профили на различни мрежи или има разни блогови. Нема потреба да се логира на различни платформи за да закачи еден линк.
„Но што во име божјо се прави со толкави податоци? Како што велат во Спајдермен, со голема моќ, доаѓа и голема одговорност“ пишува ReadWriteWеb кои објавија интервју со Хоман Радфар, извршниот директор на ClearSpring.
Во интервјуто ReadWriteWeb го праша Хоман Радфар што планира да прави со тие информации од 500 милиони корисници. Еве што одговори г-дин. Радфар.
„Има два вида мерења на нашиот досек. Прво, сега откако имаме толку многу луѓе кои го користат AddThis, сакаме да донесеме и други сервиси во миксот. Следниот Twitter, итн., поддршка за сервиси за споделување. Вториот дел е користењето на податоците. Користењето на податоците е долгорочен проект. започнавме да ги класифицираме во категории и се обидуваме да ги разбереме како да го подобриме искуството со AddThis на корисниците преку нови продукти, или со подобрување на постоечки проекти“ вели тој.
Во интервјуто г-дин. Радфар вели дека се претпазливи за приватноста на корисниците, но можеби ќе ги објават некои статистички податоци за да можат корисниците преку категоризацијата на линковите да ги видат бројките за тоа што е најактуелно/тренд во моментот. (пример Twitter)
Г-дин. Радфар зборува и за следниот проект, кој ќе биде објавен летово, и кој ќе ги содржи тие категории , налик на Digg, но ќе го има и аспектот на пребарувањето во реално време.






