ИТ.ЕУ: Музичката индустрија мора да се адаптирa

во ИТ.ЕУ

{mosimage}SACEM, интернационалната конфедерација на музичари и композитори, се согласи да постави нови принципи во лиценцирање на музиката со кои ќе се смени начинот на кој се дистрибуира музиката и како се дели надоместокот на авторските права на музичарите. Ова е ракцијата од притисокот од Еврпоската комисија која застана во пресрет на онлајн дистрибутерите на музика како Apple.

Поради авторските права некои сервиси како iTunes имаат проблеми да
продаваат музика во одредени земји низ Европа бидејќи авторските права се продаваат посебно во секоја земја. Ако Apple сака да отвори еден iTune продавница за цела Европа ќе мора да бара лиценци од секоја земја поединачно.
И не само тоа туку ќе мора да постави различни продавници, дури и со различна музика и различни услови.

Затоа Европската унија им застана во пресрет на Apple и дистрибутерите на музика како и на сите музички фанови кои се надвор од „посакуваните“ земји. Европските регулатори им порачаа на музичката индустрија да ги олабави и да ги направи подостапни лиценците за музика.

„Големите играчи во онлајн дистрибуирањето на музика низ Европа се спремни да се справат со ваквите бариери кои ги спречуваат корисниците да го искористат потенцијалот на интернетот" рече Нил Крос, европскиот комесар за конкурентност на пазарот.

Меѓутоа ова не е само предлог од ЕУ туку сериозна закана. Минатиот јули Европската комисија им посочи на друштвата за авторски права да го сменат системот на договори што дозволу музичарите да си ги земаат парите само од агенциите базирани во нивните земји. Комисијата утврди дека со тоа 24 друштва за авторски права го прекршуваат правилата за монопол, но не издаде казни. А верувам дека музичката индустрија е свесна дека ЕУ е сериозна за казните за монопол како што можевме да видиме од случаевите со Intel и Microsoft.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk