Facebook продаде 2% за 200 мил. долари

во Веб

{mosimage}Koга се шпекулираше дека вредноста на Facebook е 15 милијарди долари за време на претходните разговори со Microsoft, експертите велеа дека за да се разбере правата вредност, Facebook како приватна фирма ќе мора да продаде дел на друга компанија и според тоа ќе се одреди вредноста. Сега руската фирма Digital Sky Technologies инвестираше 200 милиони долари за само 1.96% од друштвената мрежа. Со ваква инвестиција, вредноста на Facebook сега изнесува 10 милијарди. Претходно кога Microsoft сакаше да купи 1.6% од Facebook за 240 милиони долари, Facebook беше оценет на 15 милијарди.

Коментирајќи ја оваа инвестиција и споредувајќи ја со Microsoft, основачот на друштвената мрежа Марк Зукерберг, рече дека пропаднатата инвестиција на Microsoft е всушност дел од партнертсво.

„Според економската ситуација кога се случуваше спогодувањето со Microsoft и земајќи в предвид дека тоа беше повеќе стратешко партнерство одошто финансиска инвестиција, ние се чуствуваме добро за напредокот кој го имаме“ рече г-дин. Зукерберг на официјалната прес-конференција.

За тоа како размислуваат и двата основачи на двете компании за соработката, подолу ќе го видите видеото од TechCrunch.com, односно интервјуто на Мајкл Арингтон со Марк Зукерберг и Јури Милнер, основачот на Digital Sky Technologies.

*Звукот на видеото е многу слаб, па доколку сакате транскрипција од интервјуто, можете да ја најдете на ТеchCrunch тука.

Digital Sky Technologies e холдинг компанија основана во 2005 година која инвестира само во интернет. „Има 70% од веб на дел од интернетот каде се зборува руски, таргетирајќи можна публика од 300 милиони луѓе“ се вели на сајтот на DTS. Инакѕ DTS има инвестирано во Mail.ru („Руски Yahoo!“) и Vkontakte.ru најголемата руска друштвена мрежа со 34 милиони профили, која што многу наликува на Facebook.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments