{mosimage} Еден од тројца европејци никогаш не бил онлајн, додека еден од четворица никогаш не користел компјутер. Иако звучи поразувачки за „дигиталната ера во која живееме“ сепак ова е напредок. Во 2007 дури 40 отсто од европејците никогаш не биле онлајн. Ова се вели во најновиот извештај за Дигиталната конкурентност на Европската комисија, извештај во кој се прави осврт на дигиталниот развој на i2010 стратегијата за периодот од 2005 до 2009 година.
Во извештајот на Комисијата се вели дека:
- Постарите од 65 години и невработените најмалку користат интернет;
- 38% од домаќинствата велат дека немаат потреба од интернет, 25% велат дека е поради цената на опремата, а 21 отсто поради цената на интернетот;
- 56% од европејците користат интернет, пораст од 33% во 2004 година;
- 80 отсто од нив имаат широкопојасен интернет;
- околу 48% се онлајн секој ден;
- Ако се погледнат само младите под 24 години дури 70% од нив се секој ден на интернет. Тие имаат и најразвиени ИТ вештини од останата популација, покажува извештајот.
„Треба да ја искористиме потенцијалот на новата генерација на европејци кои наскоро ќе ги водат работите на европскиот пазар. Овие млади луѓе се интензивни интернет корисници и се потрошувачи со големи барања. За да го ослободиме економскиот потенцијал на овие „дигитални жители“, ние мора да го имаме фер и лесен пристап до дигиталната содржина.“ вели Вивиен Рединг, евро-комесарката за информатичката технологија.
{mosimage}
Но дури 33 отсто од младите интернет корисници велат дека немаат намера да платат за онлајн сервиси.
Иако извештајот покажува дека Европа е светскиот водич во широкопојасен интернет, и наведува дека ова може да отвори 2 милиони работни места до 2015 година, сепак, и покрај напредокот во пристапот на интернет, онлајн бизнисот останува проблем за Европа. Извештајот покажува дека само 7% од европејците купувале продукти или сервиси онлајн од друга земја-членка на ЕУ. Додатно се наведува, малите и средни претпријатија не се многу отворени за користење на новата технологија во работењето и промовирањето на својот бизнис.
Овој извештај на Комисијата е објавен пред одредување на идната дигитална стратегија за периодот од 2010 до 2015 година. Во одредувањето на таа агенда можат да учествуваат европските граѓани со потполнување на овој
прашалник.






