0 коментари 1 мин. читање

Направете си свој oнлајн стрип

{mosimage} Подолу ќе најдете два интересни сервиси за креирање на стрип. Сервисите се едноставни и нудат класични темплејти на стрип во кој вметнувате објекти и ги потполнувате балончињата со текст, а на крај го објавувате. (tnx to Songoku за сервисите).

Првиот сервис е StripGenerator. Сервисот не бара регистрација. Можете да си креирате свое карактерче и да си го персонализирате стрипот со едноставните опции за модифицирање на објектите подолу. Потоа одите на „Publish" и го објавувате стрипот при што добивате и УРЛ адреса за да го споделите со пријателите или на некоја друштвена мрежа.

Еве што направив за само 5 минути кликање по сајтот.

{mosimage}

Вторито сервис за креирање на стрип е Pixton кој бара претходна регистрација и нуди одредени темплејти со одредели карактери. И Pixton нуди додатни опции за персонализирање на ликот и изгледот на стрипот, ама некако StripGenerator ми се повеќе допаѓа бидејќи не е врзан за одреден темплејт и е малку почуден.

Не направив Pixton стрип, па погледнете го видеото.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top