Надополнето: Нови детали за Microhoo договорот

во Веб

{mosimage}(Новите детали за соработката на Yahoo и Мicrosoft може да ги прочитате подолу, на крај на првичниот текст)

Акциите на Yahoo! Inc. паднаа од 18 на 14 долари по акција, а инвеститорите стануваат се понервозни, неуверени дека договорот за 10 годишна соработка со Microsoft Corp. ќе им донесе профит. Yahoo! воопшто не доби пари однапред, како што беше предложено во ланските договори кога се споменуваа милијарди. Овој договор меѓу двете компании сега предвидува Yahoo! да добива процент од продадените онлајн реклами, што според нивните проценки ќе им донесе околу 500 милиони долари годишен профит.

Падот на акциите е изненадувачки и за Стив Балмер, директорот на Microsoft.

„Се изненадив од реакцијата на пазарот. На никој не му е јасно. Можеби договорот е малку комплициран.“ изјави г-дин. Балмер за the New York Times, додавајќи „Ништо не беше продадено, ниту ништо не беше купено. Ова е ситуација каде секој добива, според моето гледиште“.

Навистина, првичниот план беше компаниите да се спојат. Microsoft ќе го купеше Yahoo! за 41 милијарди долари, инвеститорите ќе добијат многу пари, а Yahoo! ќе се вклопи во Microsoft. Иако тогаш Microsoft нудеше 31 долар по акција, сепак беше одбиен бидејќи „ja потценуваат вредноста на Yahoo!“, изјава од Џери Јанг, поранешниот директор на Yahoo!, во фебруари 2008 година.

Сега Yahoo! се проценува на околу 20 милијарди долари, според Yahoo! Finance.

{mosimage}

Со овој договор нема плаќање однапред. Yahoo! ќе му ја предаде својата технологија за интернет пребарувањето на Microsoft чиј Bing пребарувач ќе стане пребарувач и на Yahoo!. За возврат Yahoo! ќе добие 88% од приходот од онлајн рекламите во првите 5 години.

Тоа значи дека Yahoo! сега комплетно се откажа од пребарувањето, иако имаше 20 проценти од интернет пребарувањето, Bing има 8%, а Google 70%.

Прашањето е што ќе се случи со Yahoo по тие 10 години откако договорот ќе истече? Звучи дека 10 години се многу, ставено во контекст на интернет компании па и самиот интернет кој е стар 15-20 години, но сепак се работи за гигантите кои ја започнаа IT револуција.

(Подолу е вметнатото аудио интервју на TechFlash со Керол Бартз, Yahoo! и Стив Балмер, Microsoft кои разговараат за соработката и реакцијата на инвеститорите)

Но соработката меѓу двете компании може да биде и позитивна. Сега Microhoo има 30 отсто од пребарувањето, па со спојување на пребарувачката технологија може лесно да му конкурира на Google кој има убедлив монопол врз пребарувањето со 70%.

„Не земаме ништо здраво за готово, бидејќи секој може да се поврати. Посебно со длабоките џебови на Microsoft и талентот на Yahoo! за маркетинг“ изјави вработен на Google за BoomTown.

{mosimage}

Соработката меѓу Yahoo! и Microsoft ќе се рализира од 2010 година, откако соработката ќе се одобри од регулаторните тела во САД и Европа. Меѓутоа соработката може да преставува и проблем за регулаторите бидејќи на пазарот, од 3 пребурувачи сега ќе има само 2. Лани на Google му беше одбиена соработка со Yahoo! бидејќи за регулаторите таа соработка значеше монопол на Goolge. Tака што, и Microhoo може да се одбие aко се види дека соработката е не фер за пазарот, рекламните агенции и корисниците.

Надополнето 05.08.2009: Нови детали за Microhoo договорот

Мicrohoo договорот меѓу Yahoo Inc. и Microsoft Corp. се најде пред американските регулатори (Securities and Exchange Commission) при што беа објавени нови детали за овој договор меѓу интернет гигантите.

Еве што не беше споменато претходно. Целиот документ тука.

  • Мicrosoft ќе добие 400 вработени од Yahoo. Најверојатно тие вработени се инжинери кои работат на пребарувачката технологија.
  • Во првите 3 години, Microsoft ќе му плаќа на Yahoo по 50 милиони долари, без врска на профитот од рекламите.
  • По 5 години Microsoft ќе може да го прекине еклузивитетот на Yahoo за онлајн рекламите. Ако се случи тоа тогаш Yahoo ќе добива 93% од профитот, наместо 88% од првите 5 години.
  • Ако Microsoft не успее да му конкурира на Google тогаш Yahoo има право да го прекине договорот. Договорот може да се прекине ако профитот падне под одреден процент на тој на Google и ако пребаруњето падне под одреден процент.
  • Доколку сака, Yahoo може да го продолжи овој договор и на другите сфери од работата на компаниите, не само на пребарувањето.

Новите детали носат малку светлина врз иднината на Yahoo, но се
уште изгледа дека Microsoft e тој што добива најмногу од овој договор.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk