{mosimage} Искрено, не очекував дека многу наши посетители користат интернет на мобилен, но нашата анкета покажа дека и покрај релативно скапите тарифи за мобилен интернет сепак се користи.
Од 441 испитани, 28% или 125 корисници рекоа дека користат постојано интернет на мобилен, 25.4% изјавија дека користат но во вонредни ситуации, а интересно 23.8% рекоа дека би користеле мобилен интернет доколку пакетите се поефтини. Само 22.2 отсто или 98 корисници изјавија дека немаат потреба од интернет на мобилен. На кратко, малкумина користат мобилен интернет, но кога би биле поприфатливи условите многумина би сурфале преку мобилен.
Ова е интересна анкета која покажува дека мобилниот интернет е добро прифатен од македонските корисници. Со појавувањето на паметните телефони, и со делумно поефтинување на тарифите (кога-тогаш), мобилниот интернет ќе стане само поприфатлив и покористен.
Со ова се покажува и дека македонските корисници не се далеку од светските ИТ трендови. Имено, Facebook објави дека скоро 100 милиони корисници се логираат на мобилната верзија на сајтот. Па, ако можат „западљаците“ да користат друштвени мрежи преку мобилен, зошто да не и македонските корисници?
{mosimage}
{mosimage}