Хакерски бунт против австралиската интернет цензура

во Веб

{mosimage} Група хакери срушија неколку австралиски владини сајтови демонстрирајќи незадоволство заради планот да се постават филтри за онлајн содржина. Австралиската влада планира до 2011 година да постават филтри за содржина кои ќе блокираат несакана содржина како детска порнографија, женски оргазам, насилство, пиратерија… Но иако звучи корисно, многу интеренет корисници се незадоволни и се плашат дека филтрите и црната листа ќе служи како политичка цензура и ќе ја наруши слободата на говор.

Како протест против филтрирањето порнографија група хакери започнаа DDoS напади на владините сајтови. Еден од срушените сајтови е и сајтот на австралискиот Парламент кој бил изгасен скоро час време.

„Сајтот на австралискиот Парламент
беше недостапен оваа утро скоро 50 минути поради DDoS напади од индивидуалци кои припаѓаат на „Аnonymous“ групата.“ се вели во владиното соопштение.

Аnonymous" е група
анонимни хакери кои вршат сајбер напади со цел да демонстрираат интеренет слобода. Покрај хакерските напади, групата е најпозната по својата онлајн борба против Скиентолошката црква.

„Никоја влада го нема правото да им одбива на граѓаните пристап до информации само затоа што тие мислат дека се ‘недозволиви’“ велат хакерите. „Австралиската влада ќе научи дека не треба да си игра со нашето порно. Никој не си игра со нашето права до пристап до перфектно легална (или нелегална) содржина.“

Но, овие хакерски напади не им се допаднаа на останатите групи за интернет слобода како stopinternetcensorship.org кои изјавија дека ваквите испади прават повеќе лошо одошто добро.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments