2 коментари 3 мин. читање 17 октомври, 2014

Научници претставија технологија со отворен код за рано детектирање на ракот

Наскоро нова технологијата би можела да овозможи рано детектирање на неколку видови на рак во нивните почетни стадиуми. Технологијата е засновена на microRNA детекција, која досега е најветувачки маркер за детектирање на ракот. Тимот кој работи на развој на оваа технологија е составен од научници од Чиле, Панама, Мексико, Израел и Грција, и можеби го има решението за рана детекција, кое ќе го направи откривањето 50 пати поевтино и побрзо. Технологијата и целиот дизајн на уредот е понудена слободно и со отворен код!

Решението ќе овозможи проверка секој пат кога се прави проверка на крвна слика. Во лабораторија, ќе биде изолирана целокупната РНК и ќе биде поставена во „послужавник“ со 96 епрувети, секоја со различен биохемиски состав која овозможува детектирање на специфична microRNA. Потоа епруветите се поставуваат во 3Д-испринтана комора на која се поставува паметен телефон, кој во следниот час фотографира. Овие податоци се споредуваат со познати шеми, според кои се детектира кои microRNA се присутни и како реагираат.

„Денес најголемиот број од нас мораат да ги чекаат симптомите за да дознаат дека нешто не е во ред. Најголем број од луѓето немаат пристап до методите за рана детекција на ракот, иако е познато дека неговото рано дијагностицирање е најдобар лек против ракот. Знаеме дека оваа промена може да ја направи оваа генерација и тоа е причината што јас и мојот тим се одлучивме да го започнеме ова патешествие, да направиме раната детекција на ракот и мониторирање на одговорот на молекуларно ниво: поедноставно, поевтино, попаметно и подостапно од било кога до сега“, вели истражувачот Жорге Сото во својот TED говор.

[youtube]dm4fvbrMLPw[/youtube]

Најголем проблем со кој се соочува тимот сега е детектирање на microRNA маркери кои укажуваат на определени видови на рак. Сепак веќе се почнати и клинички тестови во соработка со Германскиот центар за истражување на ракот во кој учествуваат 200 жени за проверка на рак на дојката.

„Денес ракот се детектира дури откако ќе се појават симптомите. Тоа најчесто е 3 или 4 стадиум, јас верувам дека тоа е предоцна. Тогаш е премногу за нашите фамилии и премногу за човештвото. Не смееме да ја изгубиме војната со ракот. Тоа нема само да не чини милијарди долари туку ги губиме и луѓето кои ги сакаме“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top