0 коментари 2 мин. читање 28 октомври, 2015

Google претстави уште еден убаво дизајниран WiFi рутер

По сѐ изгледа Google и Asus се супер задоволни од својата соработка. По таблет компјутерот Nexus 7 и Nexus Player, сега двете компании соработуваат и на втората верзија на OnHub рутерот. Слично како и првата верзија која Google ја изработи во соработка со кинескиот производител TP-Link, и оваа доаѓа со паметно оптимизирање на сигналот. Така при користење на неколку уреди селективно ќе бидат вклучени антените со кои се оптимизира сигналот во просторот каде се наоѓаат истите. Она што е карактеристика на двата рутери е дека одлично изгледаат, па корисниците нема да мора да ги кријат, што ќе помогне за подобар сигнал.

Google не ја заборави ниту првата верзија на рутерот, а ниту ветувањето дека OnHub рутерите ќе стануваат подобри со времето. Најавена е првата софтверска надградба за првата верзија на рутерот која доаѓа со подобар алгоритам за вклучување на антените. Надградбата треба да биде достапна до крајот на следната недела.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top