iPhone 5S е еден од пoнапредните паметни телефони, прв на пазарот со 64-битен A7 процесор и можност за отклучување со отисок од прст. Но, рецензиите не значат ништо во моментот кога одбираме телефон, бидејќи тоа што ни е важно е што очекуваме од паметен телефон и колку ќе платиме за него. Првото може да се занемари бидејќи моќта спакувана во high-end телефоните како iPhone, Samsung Galaxy S4, Note 3 и HTC One е доволна за да ги стартува без проблем сите сегашни и идни апликации. Со тоа на ум, доаѓаме до платформата, иако реално нема избор бидејќи во моментот најдобрите се iOS и Android, Windows Phone сè уште е тазе. На крај ни останува најважното – колку пари ќе одделите за топ телефон?
iPhone е ексклузивно врзан за T-Mobile, иако е достапен и од други продавници, сепак со пакетите добивате пониска цена и мобилен интернет. Затоа ќе ги споредиме тие со најниските цени за Galaxy S4, Note 3 и HTC One од другите два оператори, One и Vip. Доколку може да се снајдете да земете отклучен телефон од странство без царина, тогаш би ви препорачале такво решение бидејќи ќе пoминете поевтино и со ваш избор на тарифа.
*Подолу ќе најдете објаснување за цените и тарифите.
iPhone 5S oд 16 GB чини 25.000 денари за нови корисници, додека за постоечките е 22.000 денари. Цените се според Play Total тарифата од 2.000 денари со неограничен интернет. За жал, T-Mobile се уште не ги откри сите цени според тарифите. Официјално продажбата започнува од 1 ноември, од утре, и најверојатно тогаш ќе биде подетално објавено на сајтот. Можно е телефонот да е поевтин според i-тарифите. Само телефон, iPhone 5S чини 43.450 денари.
Претходникот iPhone 5 веќе не се продава, и е заменет со новиот iPhone 5C кој го има истиот хардвер, но доаѓа со пластична маска. iPhone 5C од 16 GB чини 19.000 денари со тарифа, или 37.000 денари само за телефон. Не се објавени цените за моделите со 32 и 64 GB. Нивните цени знаат да бидат драматично повисоки.
Најголемиот конкурент Samsung Galaxy S4 во најевтината понуда чини oд 10.000 до 13.500 денари во One и Vip, соодветно на најскапите тарифи од по 2.700 денари, односно 2.600 денари. Достапен е и во T-Mobile по цена од 12.000 денари на месечна претплата од 2.000 денари. За тие пари добивате неограничен интернет. One има опција да се купи телефонот за 10.000 денари ако сте со месечна претплата од 2.500 денари, или за 0 денари со 3.500+ денари месечна претплата. Како само телефон Samsung Galaxy S4 чини 35.000 денари во T-Mobile, 37.000 денари вo Оne, 40.000 во Vip.
Најниската цена за Samsung Galaxy Note 3 е 15.000 денари во Vip на тарифа од 2.600 денари, односно во T-Mobile по цена од 24.000 денари на тарифа од 2.000 денари. И двата пакети се со неограничен интернет. Како само телефон Note 3 чини oд 40.000, oдносно 38.000 денари.
HTC One како еден од пофалените телефони за индустриски дизајн, и исто толку моќен како и другите, може да го најдете кај сите три оператори по цена од околу 11.000 денари на најскапите тарифи од 2.000 до 2.600 денари. Во One има опција да се купи за 0 денари на тарифа над 3.500 денари. За само телефон ќе треба да платите од 34.000 до 40.000 зависно од оператор.
За крај, прашање – Кој телефон би избралe, и дали цената ви го диктира изборот?
Изборот на телефони е дефинитивно најпродаваните, може да се прошири листата уште многу, но ова се неколку што се на врвот по продажба. А насловот впрочем си кажува, се разгледуваат цените. Можеби ќе биде добро да се споредат и перформансите со бројки, што точно се добива за таа цена.
Поздрав,
Оливер
Како само телефон Note 3 чини oд 40.000, oдносно 38.000 денари.
А само овие 4 телефон исе „посредливи“ со него?
И тие не се.. :)
Ова се најпопуларните телефони на глобалниот пазар.
ocekuvav sporedba po performansi, a ne po ceni… takva sporedba sekoj moze da napravi
Windows phone е сеуште тазе… И? Пошто има „само“ 175 000 апликации, да не глеаме такви телефони?
WP8 може да има 175.000 апликации, но платформата се уште не е според стандардите на iOS и Android. Изборот е секако на корисникот. Ако си фан на WP и ти се допаѓа, кој те спречува да си купиш WP телефон?
За изборот на корисникот јасно е. Коментирав за твојот избор, кој по некоја логика би требало да е објективен и да ги претстави сите high-end опции на телефони, без разлика на која платформа се.
Oва се најпопуларните телефони на пазарот. Не дискутираме за платформа, лично ми се допаѓа WP пред Android, но за жал телефоните со таа платформа не се продаваат како овие погоре.
Mozevte da objavite sporedba so cenite vo amerika.
Na primer 5S e $650 vo Amerika vo sporedba so $973 kolku se prodava kaj nas.
Kako se opravduva taa razlika?