0 коментари 1 мин. читање 31 октомври, 2013

Aпликација на денот: Ridicolo е забавна апликација за Ноќ на вештерките од македонското студио Web Factory

Ridicolo e апликација за дигитален маскембал. Стартувана од македонското студио Web Factory како апликација за Ноќта на вештерките, со Ridicolo корисниците можат да креираат смешни лични фотографии со додавање на цртани FX елементи. Според Web Factory, Ridicolo за iOS е пример за како да се „користат техничките можности на паметните телефони за забавно искуство“.

Благодарение на технологијата за препознавање на лице, со апликцијата може да си додадете на пример лажни мустаќи, луле, тетоважи, рогови или каубојски шешир на ваша фотографија. FX ефектите се прикажуваат уште пред да ја направите фотографијата, па ќе може да ги наместите соодветно. Ridicolo и некои основни ефекти се бесплатни, но за да ги отклучите сите ќе треба да платите 2 долари, или може да добиете бесплатен пакет ако ги поканите пријателите.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top