Инвестициите во стартапи растат. Како државата може да го поддржи овој раст?

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК, Колумни

Ова е гостински текст на Игор Маџов, основач и претседател на Startup Macedonia, како и инвестициски директор во NEST Venture Studio, part of NEST Group.


За секој мал бизнис, првите неколку години од неговото градење се најтешките и само оние кои имаат започнато бизниси можат да зборуваат за приказните и лузните од тоа патување. 

Неизвесноста во првите три години е докажана со статистика која покажува дека две од десет компании во Европа и три во десет ММСП се затвораат во првата година. Дополнително, пристапот до квалитетни извори на финансирање се едни од трите клучни фактори за преживување и раст на ММСП во првите три години.

Ако во категоријата на ММСП го издвоиме делот со стартапи како иновативни компании кои развиваат напредни технолошки решенија, произлегува дека финансиите се неопходни. Тие се кислородот, или подобро кажано ракетниот погон кој ќе овозможи една компанија да го развие својот продукт и да дојде до своите први клиенти. 

Оттаму, статистиката кажува дека осум од десет стартапи регистрирани во Европа затвораат врати во првата година. но тоа е тотално прифатливо зошто успехот на тие два е во просек четири пати поголем од инвестираната сума во останатите десет стартапи.

Во изминативе пет години, еден од ретките региони кој бележи континуиран раст и докажува дека основачите не се предаваат е Југоисточна Европа. Ова се должи на развојот на инвестициската сцена и се поголема достапност за финансирање на компании во рана фаза.  

Инвестиционата сцена во Југоисточна Европа (ЈИЕ) и Централна Источна Европа (ЦИЕ) брзо се развива, со сè поголем број на стартапи и активности во областа на ангел инвестициите и ризичниот капитал (VC). 

И покрај економските предизвици, регионот покажува значителен раст на стартап екосистемот, поттикнат од приватна и донаторска поддршка, како и формирање на разни акцелераторски програми, ангелски клубови и стартап настани.

Во Северна Македонија, 2023 и 2024 година бележат пораст на стартап активностите, и се случува вистинска #СтартапРеволуција предводена од приватниот и невладиниот сектор.


Од какви извори најмногу се привлекуваат пари?

Стартапите во регионот обично привлекуваат средства од различни извори кои вклучуваат грантови, развојни програми за финансирање, ангел инвеститори и локалните и меѓународните фондови на ризичен капитал, кои се сè повеќе заинтересирани за инвестиции во стартапите од регионот.

Индивидуални инвеститори или ангелски клубови обезбедуваат почетно финансирање и менторство. Некои стартапи добиваат корист од владините грантови и програми за поддршка на Европската унија, и развојни програми и фондови. Дополнително, ова е област каде ФИТР има подржано над 500 компании со различни механизми на финансирање 

Меѓународните донаторски организации и агенции за развој обезбедуваат финансирање и поддршка за стартап иницијативи. Ваквите програми и тоа како го потикнуваат развојот на инфраструктурата за иновации и развој на бизниси.

Истовремено, платформите како Kickstarter и Indiegogo исто така стануваат популарни за собирање на почетен капитал за несофтверски проекти.


Сектори со најголем потенцијал за развој на стартапи

Југоисточна Европа (ЈИЕ) и Централна Источна Европа (ЦИЕ) бележат значителен раст во неколку клучни сектори, како што се финансиските технологии (финтек), здравствена технологија, е-commerce и зелените технологии. 

Секако не го заборавам лудилото со вештачка интелегенција во кој Македонија одлично котира благодарение на одличната математичка школа и талент за решавање технолошки проблеми.

Ако на тоа може да се додаде hustling менталитетот за барање shortcuts со напредни модели на вештачка интелегенција се создаваат невидени  решенија за решавање на суштински проблеми во општеството по значително пониска цена. Затоа ни требаат повеќе инжињери и претприемачки умови кои креираат продукти со додадена вредност и да не бараме од образовниот систем да произведува секретарки и monkey coders.

Иновациите во финансиската технологија водат до бројни стартапи фокусирани на дигитални плаќања, блокчејн и финансиски услуги. Со растечкиот фокус на здравствени решенија, стартапите во здравствената технологија развиваат иновативни медицински уреди, телемедицински услуги и системи за управување со здравјето.

Понатаму, стартапите фокусирани на обновлива енергија, одржливо земјоделство и циркуларна економија се особено од интерес и се дел од глобалните трендови за одржливост и зачувување на планетата

Регионот станува центар за ИТ услуги, развој на софтвер и решенија за сајбер безбедност. А порастот на платформите за е-трговија и иновациите во логистика и управување со синџирот на снабдување создаваат можности за стартапи во овие сектори.

Што треба стартапите да знаат за да привлечат приватни инвестиции?

Во изминатите 18 месеци со НЕСТ потпомогнавме да се дојде до над 7 милиони евра инвестиции во технолошки компании од регионот. Поучени од над 30 инвестициски рунди и спроведени инвестициски програми можеме да го издвоиме следното:

  1. Потребен е развиен и доволно голем пазар. За да може да се создаде еден успешен бизнис, особено стартап во кој може да се инвестира, потребно е да има доволен број на клиенти кој ќе го оправда постоењето на бизнисот и ќе потврди дека Централна и Источна Европа е доволно интересен пазар. За жал, доколку ја таргетирате само Македонија или сте копија на веќе постоечко решение за македонскиот пазар, шансите се големи дека нема да постои голем интерес за надворешно финансирање и посоодветни се финансирања од банки и развојни програми.
  1. Посветен и компетентен тим. Инвеститорите сакаат комплетен тим со знаење во областа во која делува, искуство и фокус. Замислете дека инвеститорите се љубоморна девојка која сака да изгледате одлично ама да не се посветувате на други девојки (работите и во други компании).
  2. Потребно е компаниите да се движат таму каде што се парите и клиентите ако нив ги нема во Македонија да се обидат да побараат во соседството, Европската  унија, САД итн каде постојат голем број на извори и да се подготвени да го поместат преставништвото во компанијата во странство.
  1. Нема подобра валидација од тоа да имате клиенти, а ако уште не сте лансирале прашањето е како ќе стигнете до првите клиенти, односно да имате добар план за излез на пазарот и капацитет за продажба.
  1. Нема втора шанса за прв впечаток. Тоа значи да се биде спремен со потребна документација и одговори на најголем број прашања е непроценливо и дека процесот е маратон а не спринт зошто процесот трае долго во просек шест месеци.

Што е важно за Македонија како земја да направи  за да се привлечат приватни инвестиции?

Неколку фактори се клучни, како на пример функционирањето на силен екосистем за поддршка. Па така, неопходно е развивање на робустен систем за поддршка кој вклучува инкубатори, акцелератори и менторски програми.

Понатаму, имплементирањето на поволни регулативи и политики кои поттикнуваат инвестиции и го намалуваат бирократскиот товар, од кој никако да се ослободиме веќе со децении.

Трето, тука е создавањето можности за финансирање преку владини и европски грантови, ризично капитални фондови и ангел инвеститори.

По ова следи и инвестирање во образовни и тренинг програми за развој на квалификувана работна сила, што придонесува во демонстрирањето на јасна пазарна побарувачка и потенцијал за скалирање во бизнис моделот на стартапот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments