0 коментари 2 мин. читање

ФИНКИ ги повикува компаниите и граѓаните да ги споделат своите потреби за ВИ обуки

Во рамки на проектот VEZILKA AI Factory Antenna, што го спроведува Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при УКИМ, започна национална анкета за проценка на потребите за поддршка и обуки во областа на вештачката интелигенција (ВИ) и пресметувањето со високи перформанси (HPC).

Целта на анкетата е да се соберат информации за тоа какви алатки, услуги и програми за обука им се потребни на организациите и поединците во Македонија. Добиените резултати ќе бидат искористени при планирањето на услугите што ќе ги развива проектот VEZILKA, меѓу кои се платформа за ВИ, каталог на услуги, консултантска поддршка, help desk и програми за обука.

Во таа насока се достапни две посебни анкети:

  • Анкета за организации, наменета за менаџери, директори и лица кои учествуваат во донесување одлуки поврзани со дигитална трансформација, информатички технологии, вештачка интелигенција или иновации. Пополнувањето трае околу 15 минути, а се препорачува да биде испратен еден одговор по организација.
  • Анкета за поединци, (истата на албански јазик – Linku i anketës për individë) наменета за сите заинтересирани кои сакаат да ги споделат своите потреби и интерес за обуки во областа на ВИ и HPC. Анкетата трае околу 10 минути и е достапна на македонски и албански јазик.

Од ФИНКИ велат дека собраните информации ќе се користат исклучиво за анализа на потребите и за планирање на идните активности во рамки на проектот, а податоците нема да бидат споделувани со трети страни.

Анкетите беа предвидени да се пополнуваат во текот на јули, но ќе останат достапни и по истекот на тој рок.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Kоментари на статија (0)Forum replies (0)

Нема одговори сè уште

Се вчитуваат нови одговори…

ContentBot

Робот (content unit)

308 пораки 1,090 лајк

Прочитај ја статијата на IT.mk

Повик до сите компании и индивидуалци кои сакаат да придонесат кон проектот Везилка

одговори Лајк

Коментари

Дискусијата продолжува во поврзаната форумска тема.

Отвори ја темата и коментирај
Мени
Заедница
Изглед
To top