Stormgate излезе во раниот пристап на Steam

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

При крајот на месецот јули излезе играта која многумина ја перципираа како духовниот наследник на Startcraft 2. Но, развојното студио Frost Giant Studios нити располага со голема бројка од луѓе, нити со истите финансии како гигантот Blizzard. Поради тоа, а и поради одредени политики за монетизирање, нивната рана верзија на играта и не поминува баш добро и Stormgate моментно „седи“ помеѓу 52% позитивни рецензии.

Полу-печен деликатес

Stormgate се испорачува во четири верзии. Првата верзија – Stormgate: Early Access Pack – ви даваше ран ран пристап на играта, односно од 30 јули до 12 август, херој и кампањата поврзана за првото поглавје.

Втората верзија сега е бесплатната и ви го нуди прологот за играта, односно првите три мисии. Ова се чини дека е сосема доволно за да ја проверите кампањата, да одиграте мисии во ко-оп или против ВИ, или пак да си ги пробате стратешките сили во 1 против 1 мечови.

Третата и четвртата верзија доаѓаат со различни отклучени кампањи, херои и дополнителни предности.

Ако сте фанови на стратегии во духот на Starcraft II, тогаш знаете што да очекувате од Stormgate

Ветување за спој помеѓу Warcraft III и Starcraft II

Stormgate навистина не е лоша стратегија и се гледа дека на неа работат талентирани луѓе кои претходно работеле на Warcraft III и Starcraft II. Кампањата се одликува со интригантна приказна за вечна борба помеѓу три клучни фракции.

Имате на располагање забавни механики за градење структури, управување со војска и вршење напади на непријателските бази. Unreal Engine 5 се има потрудено посебно да се истакне квалитетниот дизајн на мапите и пост-апокалиптичната атмосфера.

Преку комплексниот едитор ќе правите ваши мапи, модови и ќе ги споделувате истите со останатите играчи

Stormgate е игра во ран пристап, но навистина ран. Тоа значи дека играта има многу багови и неисполирани работи, како во поглед на анимациите, така и во поглед на оптимизираноста на бројните едицини, структури и механики. Нема никакво сомневање дека играта е на добар пат, но потребно е уште многу работа на неа.

За жал, никако не помага агресивната кампања за продавање бројни мисии, кампањи, херои, и сопатници. Апсолутно разбираме дека девелоперите треба да печалат на некој начин, но играта ниту има доволно содржини ниту е правилно оптимизирана за да може да си го дозволи тоа сега.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Frost Giant Studios
  • Издава: Frost Giant Studios
  • Жанр: стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 13 август 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments