Интервју со Teddy the Guardian, хрватски стартап кој победи на VentureOut во Молдавија

(Интервјуто е објавено од Yes Incubator, чија цел е да го поттикне младите да основаат сопствен бизнис. Дознај повеќе тука.)

По наградуваниот медицински стартап iDerma, Ана Бурица и Јосипа Мајиќ го креираа Teddy The Guardian, што е напредна мобилна апликација која следи параметри кај децата како отчукувања на срцето, температура на телото и кислородна сатурација и ги испраќа снимените вредности со користење на безжични технологии до таблетот или веб апликацијата на педијатарот. Неодамна Teddy The Guardian како еден од најдобрите источноевропски стартапи на интернационалниот натпревар VentureOut во Молдавија доби seed инвестиција од 10.000 долари, и можност да учествуваат на CES 2014 во Лас Вегас. Во продолжение е интервјуто со Ана Бурица:

Неодамна учествувавте на VentureOut Challenge. Дали очекувате да бидете еден од финалистите и севкупен победник?

Ние сме многу возбудени од фактот што Teddy победи во својата категорија и доби многу конструктивни совети за време на тие 3 дена. Успеавме да ги подобриме функционалностите на технологијата и одредени наши вештини и она што е најважно, добивме ментори за во иднина.

Какво беше целокупното VentureOut искуство? Кои беа најголемите придобивки?

VentureOut е прилично различен концепт на конкурентност од онаа што се користи најчесто од ваквиот тип на иницијативи и тоа дефинитивно нè изненади најмногу. Да добиете можност да бидете неколку дена со неверојатни млади претприемачи од Карибите и Африка беше уникатно искуство кое ни отвори нови перспективи. Нивниот начин на решавање на проблемите во реалниот свет се развива многу брзо и е доста инспиративно бидејќи не сте во можност да гледате ваков пристап секој ден и тоа на таков позитивен начин. Имавме можност да ја промовираме нашата визија меѓу овие луѓе и се запознавме со нивната перспектива на иднината во однос на стартап заедницата и технологијата во земји како Јамајка или Нигерија и тоа претставува една важна предност за нашиот тим.

Добивте можност да го посетите Consumer Electronics Show во Лас Вегас во јануари 2014. Дали сте возбудени да бидете дел од таа конференција и колку е голем предизвикот да се претставите?

Освен паричната награда добивме и извонредна шанса да бидеме дел од Consumer Electronics Show во Лас Вегас во јануари 2014 година и да го промовираме Teddy меѓу најмоќните потрошувачки брендови. Овој настан претставува еден голем чекор за нашиот производ бидејќи ние ќе се обидеме да го претставиме нашиот пријателски пристап кон педијатријата и начинот на кој децата се третирани на такви ситуации. Во суштина, овој конгрес ќе го означи нашиот влез во пазарот во САД и не постои подобар начин или место да го направи тоа отколку во Лас Вегас.

На што ќе се фокусирате со Teddy The Guardian во наредните месеци?

Во наредниот месец-два ќе се преселиме во САД од каде што реалните корпоративни нарачки доаѓаат. Планот е да склучиме договори со неколку болници, да го инсталираме нашиот менаџмент синџир и да ја испорачаме првата серија на Teddy The Guardian. Америка е дефинитивно земјата каде ќе се обидеме да прераснеме во глобален бред.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk