САД, Канада, Јапонија и Австралија се дел од државите кои имаат план да креираат построги закони за авторски правата и правата за слободата на говор, пренесува Verge, повикувајќи се на документи кои го објави Wikileaks. Деталите од договорот велат дека меѓудржавните договори ќе ги погодат граѓаните на сите држави-потписници на трговскиот договор „Транс-Пацифичко Партнерство“. САД и Јапонија сакаат да ја зацврстат позицијата на своите фармацевтски компании притоа отежнувајќи ја можноста за авторизирање на нови генерички лекови. Дел од државите сакаа да го запрат и онлaјн пиратството со воведување на многу поригорозни закони.
Зголемувањето на казните, забрана дури и за привремени копии за филмови и софтвер кој е заштитен со авторски права се дел од проблемите кои се заеднички на преложената регулатива со претходниците како ACTA и SOPA. Сепак се чини дека најголем проблем е што најголем дел од измените и предлозите остануваат тајни, а со нив единствено се запознаени учесниците во преговорите зад затворени врати. Договорот за транспацифичкото партнерство ќе подразбира и казни за државите кои ги прекршуваат одредбите од договорот. Предупредувањата одат дотаму што велат дека се можни нови закони и казнени мерки дури и за отклучување на телефоните јавува Verge. Со дел од договорот се предвидени и одговорности за провајдерите на интернет услуги за се што се случува на нивната мрежа.
Законите се однесуваат пред се на зачувување на интересите на САД и на компаниите од САД, притоа игнорирајќи и нарушувајќи ги правата на потрошувачите. „Новогодишна листа на желби за големите коорпорации и авторски права и делови од текстот кои го подржуваат овој контекст“, вели Sydney Morning Herald кој прв го доби документот од Wikileaks.
За контраверзноста на законот допринесува и тајноста под која се водат преговорите, па документите од Wikileaks се прв поглед на ионака непопуларните мерки кои сакаат да ги донесат компаниите.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.