8 коментари 2 мин. читање

Интервју со ShareDrive, апликација која го освои второто место на Mobile AppCamp Skopje

(Оригиналнoто интервју е на Yes Incubator, организаторите на Mobile AppCamp)

ShareDrive е апликација која ги поврзува патниците и ги организира да најдат поевтин и заеднички превоз. Ако сте некој кој патува секој ден од пример Куманово или Тетово во Скопје заради факултет или работа ќе знаете дека ваквите решенија се навистина потребни. Апликацијата беше доволно добра да импресионира за второ место на Mobile AppCаmp Skopje, кој се одржа на крајот на октоври, иако тимот составен од Иван Димитров, Александар Стоилов и Стојан Стамков се уште не е задоволен од конечниот производ, и се решени да ја подобрат апликацијата за да привлечат критична маса на корисници.

Кои цели ги поставивте пред да учествувате на MobileAppCamp?

Нашата главна цел беше да успееме да ја претставиме суштината на апликацијата и да ги потенцираме бенефициите кои ShareDrive ги нуди во општеството.

Дали бевте изненадени со освоеното второ место?

Секако дека бевме позитивно изненадени, но секако нашите очекувања и желби беа да бидеме токму во топ 3те апликации и успеавме во тоа.

Кои се иновативните аспекти на вашата мобилна апликација?

Нашата апликација нуди еден нов вид на социјализација, дружење и споделување трошоци. Преку ShareDrive патувањето како искуство станува уште позабавно и поевтино. ShareDrive е истотака eco-friendly апликација и тоа е една од причините за основната боја на апликацијата. Спојот на овие три општествени добра е всушност најголемата иновативност во самата апликација.

Како и дали учеството на MobileAppCamp ви помогна да го подобрите концептот на вашата апликација?

Ни помогна и тоа многу. Од концептот на апликацијата се до нашите индивидуални вештини за комуникација и презентирање.

Кои се вашите идни планови?

Нашите планови за во иднина се воспоставување на подобра комуникација со корисниците на апликацијата, добивање feedback се со цел да ја подобриме апликацијата и да ја направиме што подостапна и поефективна кај крајните корисници. Моментално сме насочени кон маркетинг кампања со цел да го зголемиме бројот на корисници и да ја добиеме критичната маса која ја посакуваме се со цел искористеноста на апликацијата да биде максимална.

[youtube]I2nJAlBLcxs[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top