Следниот iPhone ќе има поголем и заоблен екран

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

Следната генерација на iPhone ќе биде со поголеми и заоблени екрани. Идниот Apple телефон, iPhone 6, ќе доаѓа во две верзии со 4,7 и 5,5 инчни екрани, јавува Bloomberg. Телефоните се најавени за третиот квартал во 2014 година, а според најавите екраните ќе доаѓаат со сензори осетливи на притисок, иако примената на ваквите сензори останува нејасна на телефоните, но би била интересна за iPad уредите пред се за софтверот за цртање.

Доколку се покаже точно ова ќе биде вторпат по неодамнешната презентација на iPhone 5S и iPhone 5C, Apple да презентира два телефони на еден настан. Ова го најавуваат и два веродостојни аналитичари на Forbes, за крајот на 2014 година, кога за истиот период е предвиден и паметниот часовник на Apple, iWatch.

Apple тестира и уреди со димензии на екранот до 6-инчи велат пак извори на Wall Street Journal. Со ова компанијата можеби размислува да им биде посериозна конкуренција на Samsung, Sony и Huawei кои веќе имаат претставници во оваа категорија фаблети, каде во моментов владее 5,7-инчниот Samsung Galaxy Note 3.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk