Интервју со Melius, победниците на Code App Level Up

На крајот на април се одржа петтото издание на натпреварот Code App Level Up. Победник на натпреварот е тимот Melius составен од 4 студенти: Милан Петровски (3Д артист), Димитар Бежановски (АР/ВР developer), Филип Голабоски (Full Stack Developer) и Маја Атанасоска (UI/UX дизајнер). Ментори на тимот беа: Томе Младински, Мартина Димовска и Јане Плавевски.

Победничкото решение е одличен спој на технологија за едукативниот сектор. Виртуелна реалност која треба да им помогне на студентите по медицина, но нема никаква пречка технологијата да се искористи и во останатите области.

„Станува збор за проект кој е со цел да помогне во технолошкиот развој на медицината. Изработивме апликација во виртуелна реалност (VR) и веб платформа на која што студентите од медицина ќе можат да учат на 3Д модели и видео курсеви на македонски, албански и англиски јазик“, велат од Melius.

Што ве натера да се пријавите на натпреварот?

Желбата да создадеме нешто ново во нашата земја, да ги надминеме границите на нашите идеи, и амбицијата да промениме дел од едукативниот систем.

Од каде идејата за вакво решение?

Идејата произлезе од Милан, тој беше за првпат на медицина, и започна да размислува за тоа како би било подобро доколку самата едукација би можеле да ја добиеме во виртуелна реалност. Покасно, откако се запозна и го склопи тимот со кој што е моментално, неговата идеја се реализира.

Како функционира?

Tоа е платформа која е поделена на два дела: веб и виртуелна реалност. Во веб самите корисници ќе имаат пристап до 3д модели со детално објаснување како и сама интеракција на нив. Во VR делот ќе може да се оди преку headset (oculus). Овде фокусот ќе биде главно ставен на праксата каде можат да се направат скоро реални симулации од операции и слични процедури.

Кои и какви се предизвиците при развој на VR-апликација?

Предизвици при развојот на VR-апликацијата ни беа тоа како да успееме да направиме што е можно повеќе фотореалистички модели што би изгледале како и во реалноста, и да успееме да ја допреме линијата со реализмот. Да бидеме искрени, предизвиците беа лесни, бидејќи како тим потекнуваме од областа на гејминг индустријата.

Кои технологии ги користевте за развој на решението?

Технологии кои ги користевме при развој на нашето решение беа VR на UE4 и OpenGl за web based rendering како и javascript.

Какво беше искуството од Code App Level Up?

Можеме со задоволство да кажеме дека стекнавме огромно искуство! Пред сѐ нови пријателства и дружби.

Благодарение на нашите ментори кои несебично го споделија знаењето со нас за многу кратко време се здобивме со искуство плус во бизнис и маркетинг сферите; ни самите не веруваме дека е можно волку брзо да го совладаме дури и кога би седнале самите да ги научиме.

Искуство за тоа како е да се работи тимски и напорно!

Колку сте задоволни од сработеното на настанот?

Како тим сме целосно задоволни! Самото сознание дека успеавме да победиме сведочи за тоа.

Кои се следните планови за развој?

Следни планови за развој ни се изработка на мобилна VR апликација за детално разгледување на анатомски модели, финализирање на core product и барање на инвеститори за бизнис девелопмент и content creation.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]