Акцелераторот УКИМ за прв пат ќе биде домаќин на група од шестмина професори и седумдесеттина студенти запишани на мастер програма за бизнис и администрација од Универзитетот за применети науки и уметности од Луцерн во Швајцарија.
Програмата за стекнување на нови знаења преку размена на искуства за македонските стартапи и студентските тимови од Швајцарија: “Booster week – Developing Entrepreneurship Together”, ja организира Акцелераторот УКИМ, во партнерство со Центарот за претприемништво и развој (ЦЕЕД Хаб Скопје), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот за применети науки и уметности oд Луцерн.
Македонските стартапи ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења и да разменат искуство со гостите од Швајцарија. На 14-те стартапи ќе им биде обезбедена менторска поддршка за унапредување на нивните бизнис модели и постоечките технолошки решенија. Учесниците од Македонија се дел од првата пред-акцелераторската програма наменета за студентите на УКИМ, и акцелераторската програма за стартапи при Акцелераторот УКИМ.
Целта на интерактивните работилници под менторство на гостите од Швајцарија е да се овозможи побрз пристап до глобалниот пазар за производите на македонските стартапи. Постигнатите резултатите ќе бидат презентирани пред професорите од двата Универзитети на 11 мај во 13:30 часот во Техничкиот кампус на УКИМ.
Програмата ќе започне со официјално отварање на 6 мај во 17:00 часот во амфитеатарот на Факултетот за Електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) / Машински факултет, на која свечано обраќање ќе имаат:
1) Проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј во Скопје“;
2) Сибил Зутер, Амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија;
3) Проф. д-р Рене Зеир, Универзитет за применети науки и уметности Луцерн;
4) Александар Стамболиев, Извршен директор на Акцелератор УКИМ.
Акцелераторот УКИМ го поддржува развојот на технолошки напредните стартапи, и ја промовира соработката меѓу универзитетите и индустријата и трансфер на технологии.
[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]