Интервју со Лина Андерсон, извршниот директор на Dinomite Games и нивната игра Go Fight Fantastic

Go Fight Fantastic e рачно-нацртана, шаренолика hack and slash игри за самостојни или заеднички авантури на предизвикувачки мапи. Со месеци, играта беше на нашиот радар и, импресионирани од демото кое моментно може да се провери на официјалната страна на Steam, едноставно моравме да го контактираме развојното студио Dinomite Games и да размениме збор-два за нивната игра, како и многу корисни совети за сите оние што сакаат да бидат девелопери во иднина! Прашањата беа одговорени од извршниот директор на Dinomite Games – Лина Андерсон.

Што е тоа што прави Go Fight Fantastic да се издвојува од другите слични игри?

Една од најголемите работи што ја истакнува Go Fight Fantastic од морето случни игри е шареноликиот уметнички стил. Настојувавме да создадеме нешто што изгледа уникатно, забавно и лесно за разбирање. Од самиот почеток, ликовите се главниот фокус во играта; нашата цел беше да создадеме ликови во кои луѓето ќе се заљубат.

Ова е нешто што можете да го видите и во играта; сите ликови имаат свои уникатни потези и способности кои произлегуваат од нивниот карактер. Го имаме, на пример, напаѓачот Dark, кој чувствува дека имиџот е од исклучителна важност. Тој секогаш се обидува да биде кул со неговите „фраерски“ потези. Навистина можете да го видите тоа тинејџерско его додека се телепортира и се бори со неговите екстра светкави ласерски мечови.

Исто така, напорно се трудевме да создадеме забавни синергии меѓу ликовите; во многу игри, можете да играте заедно, но таквото нешто често се сведува на трчање еден покрај друг и индивидуално борење. Во Go Fight Fantastic, се обидуваме да создадеме забавни комбинации, па еден од играчите може, на пример, да фрли поле кое ги успорува движењата, а другиот да фрла бомба која ќе кулминира во разорна комбинација! Наоѓање и создавање забавни и возбудливи моменти преку комбинирање способности е најсветлата точка во нашата игра!

Како сте задоволни од начинот на кој беше прифатено демото за Go Fight Fantastic?

Презадоволни сме од приемот што го добивме досега. Луѓето беа многу позитивни и ни дадоа многу повратни информации што овозможија дополнително да ја подобриме играта уште и пред да излезе. Повратните информации од играчите се исклучително скапоцени; толку многу луѓе одвојуваа време да ни кажат што им се допаѓа и како можеме да ја подобриме играта. Тоа ни значи исклучително многу!

Кои беа најголемите предизвици со кои се соочивте при работата на Go Fight Fantastic?

Имавме еден тон различни предизвици додека работевме на играта! Мислам дека тоа мора да е така за повеќето развојни студиа. За нас, мислам дека еден од поголемите предизвици беше создавањето и балансирањето на игра што можете да ја играте соло или со 2 до 3 играчи, а искуството кое се трудите да го понудите да е релативно слично. А потоа, предизвикот беше како да имате 4 уникатни ликови кои драстично менуваат сè во зависност од тоа со кои 3 лика играте.

Како шлаг на тортата, имаме и над 100 надградби на карактери кои тектонски ги менуваат способностите, статистиката и многу други работи. Да направите сè да се чувствува што е можно поубаво и забавно е навистина тежок предизвик. Ќе биде исклучително возбудливо да се пушти играта и да се видат сите реакции на играчите. Се надеваме, најдовме на нешто што луѓето мислат дека е забавно, дури и ако не е совршено избалансирано!

Дали имаше одредена механика што сакавте да ја воведете во играта, но потоа се одлучивте сепак да не ја имплементирате?

Тоа е одлично прашање! Имавме многу механики и идеи што сакавме да ги додадеме во играта.

Но, моравме да донесеме тешка одлука, првенствено поради временските ограничувања. Имавме амбициозни замисли кои се движеа од повеќе карактери за играње, преку динамични настани во играта, па се до нови мапи за Horde режимот.

Се надеваме дека ќе имаме шанса да истражиме некои од тие идеи повеќе во иднина!

Што ве инспирираше да го создадете светот во Go Fight Fantastic, како и уникатниот сеприсутен лор?

Кога почнавме да работиме на играта, сакавме да создадеме нешто што ќе биде забавно и уникатно, но и лесно за разбирање! Сите имаме ограничено време за играње игри, така да приоритетот ни беше да осмислиме нешто што може да понуди исполнителни гејминг сесии на брз и лесен начин.

Дури и ако играта е фокусирана на аркадниот дел, сепак сакавме да раскажеме одлична приказна каде што можете да видите повеќе од Планетата Bird и поубаво да ги запознаете ликовите.

Бевме силно инспирирани од многу ретро игри како Secret of Mana, Final Fantasy и Zelda, но и од цртани филмови како Gravity Falls, Steven Universe итн.

Мислам дека генерално, сакавме да создадеме нешто што самите сакавме да го играме, нешто што го сакаме и со кое можеме да се гордееме!

Некој омилен или најинтересен момент што би можеле да го споделите со нас за вашата игра?

Има толку многу за бирање, не би знаеле од каде да почнеме. Имаме одличен тим на кој сум навистина горда. Само поради ова, наидовме на исклучително забавно, заедничко патување кое вроди интересен плод.

Мислам дека една од моите омилени работи се сите глупави прекари што Dark ги има за ликовите во играта. Генералот Пои го вика Bubble Head, капетанот мачка – Whiskers, а царицата – Space Curtains.

Седејќи заедно како тим, читајќи ја приказната и слушајќи и смислувајќи ги сите чудни прекари, беше неверојатно!

Друго нешто што беше навистина забавно е да се види како тимот ја создава играта. На почетокот, само јас и Јохан работевме на Go Fight Fantastic, но зголемување на тимот и гледањето на сите прекрасни работи што се создаваат беше толку понизно и неверојатно искуство.

Исто како и вашето студио, имаме и ние многу амбициозни програмери во Северна Македонија. Каков совет би дале на оние што штотуку започнуваат да ги прават првите чекори во индустријата?

Тестирајте ја вашата игра рано и често, и со пријателите и со оние што не ги познавате. Од клучна важност е да добиете повратни информации за тоа што е забавно и како да ги подобрите работите! Ако нешто е забавно во фазата на прототип, тогаш знаете дека сте на добар почеток сте!

Започнете со мала игра, а потоа работете нагоре. Така, на пример, кажете дека имате игра со средна големина што сакате да ја креирате; обидете се да направите неколку помали игри каде што можете повторно да користите делови во вашата игра со средна големина. Вака, ем добивате тон искуство ем објавувате игри за кои се надевате дека можат да генерираат приход, а сето тоа додека работите кон вашата игра од соништата!

Не заборавајте да дадете приоритет на вашето здравје! Во индустријата за игри многу е лесно да бидете разработени до точка на исцрпеност, дури и кога работите нешто што го сакате. Затоа, не заборавајте дека е во ред да правите паузи; сепак се работи за маратон, а не спринт!

Дали би сакале уште нешто да кажете за вашата игра, тим или за луѓето кои ви помогнале?

Сакам да кажам огромно благодарам! На сите! Имавме толку многу блиски членови кои веруваа и не поддржаа за да се осигураме дека ќе можеме да ја постигнеме нашата цел и да ја создадеме Go Fight Fantastic! Без нивната неверојатна поддршка, немаше да ја има Go Fight Fantastic.

И за нашиот феноменален тим, вие сте најдобриот тим што некој може да го побара! Никогаш не заборавајте колку сте извонредни, Go Fight Fantastic не би била ни половина добра без вас!

Исто така, сакам да упатам огромна благодарност до нашата сакана заедница која го следи нашето патување веќе подолго време. Тие не охрабрија, ја тестираа играта и не поддржаа на повеќе начини.

Ние сме многу благодарни за сето ова и навистина се надеваме дека играта ќе им даде исто толку уживање во играњето како што беше за нас што ја создадовме!

IT.MK најсрдечно се заблагодарува на Лина за нејзините темелни одговори. Go Fight Fantastic ќе излезе на 26 март, за само осум дена! Доколку сакате веднаш да проверите за што се работи, имате одлично демо на располагање!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
2 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] да бидете нереално амбициозни. Токму поради тоа Лиса Андерсон, од Dinomite Games, препорачува да: „започнете со мала игра, а потоа […]

trackback

[…] поразговавме со Лина Андерсон, извршниот директор на Dinomite Games за […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk